Slide

Вести

BMW и Stellantis предупредуваат дека инфлацијата ќе ја намали побарувачката за нови автомобили

Slide

Повисокиот профит на BMW е остварен и покрај пониските продажби, поради недостиг од полупроводници.

07/11/2022

Групацијата Stellantis се надоврза на предупредувањата од страна на BMW во врска со порастот на трошоците во Европа. Како последица на зголемените трошоци за домакинствата, тие сѐ помалку се одлучуваат за купување на ново возило.

Предупредувањата се резултат на намалените нарачки во септември, кои само ги зголемуваат грижите дека најголемата европска економија е на почеток од рецесија.

Имено, побарувачката во Германија во септември е намалена за 4 проценти споредено со претходниот месец, што е повисок пад споредено со медијаната од 0.5% на годишно ниво.

Сепак зголеменото намалување било резултат на намалување на нарачките од странство, кои се намалени за 7%. 

Нарачките од евро зоната биле за 8% пониски, споредено со 6.3 проценти намалување од останатите држави. Домашните нарачки бележат мал раст.

“Тешко е да се предвиди што ќе се случува во однос на нивото на производството во контекст на зголемените цени на енергенсите, кои значително ги погодуваат потрошувачите”, се вели во изјавата на Министерството за Економија на Германија.

По изненадувачкиот позитивен развој во однос на бруто домашниот производ во третиот квартал, се очекуваат послаби резултати во однос на четвртиот.

Индустриското производство забележа пад и во Франција. Фабриките во целиот регион се обидуваат да се носат со големата инфлација која ја намалува побарувачката за нивните производи. 

Исторемено, фабриките во Гемранија мораа да ја налмалат нивната зависност од рускиот природен гас.

BMW, пак, минатата седмица предупреди дека зголемената инфлација ќе ја намали побарувачката за автомобили.

Германскиот премиум производител објави квартален нето профит од 3.18 милијарди евра, остварен благодарение на повисоките цени, но истовремено предупреди дека покачената инфлација и каматни стапки ќе започнат да имаат негативен ефект врз нивото на побарувачката во следните месеци.

Повисокиот профит на BMW е остварен и покрај пониските продажби, поради недостиг од полупроводници.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск