Slide

Новитети

BMW i4 – Голем баварски предизвик за Tesla со 530 кс

Slide

03/03/2020

BMW ја комплетираше и последната фаза пред официјалната премиера на електричниот i4, користејќи го „виртуелниот саем во Женева“ за да го претстави истоимениот концепт како автомобил кој веќе е готов и за својата конечна верзија.

Електричното „гран купе“ со ознака i4 е инспирирано од 4 Series Gran Coupe кој ќе дебитира до крајот на годината, а BMW го најавува како отворање на ново поглавје, со кое препознатливата динамичност и возни карактеристики на баварскиот бренд ќе биде трансформиран во соодветно уживање на електричен погон.

Комбинацијата на големи „бубрези“ и тенки светла му даваат уникатен имиџ на i4, a BMW најавува дека инженерите се избориле и за врвна аеродинамичност која ќе биде дополнителна предност за електричното купе со четири врати.

Бројките поврзани со погонот и перформансите ветуваат многу, BMW i4 ќе располага со досег од 600 километри, односно со моќност од 530 коњски сили, при што од 0-100 км/ч ќе стигнува за само 4 секунди. За „музиката“ се погрижи легендарниот композитор Ханс Цимер, кој во соработка со Ренцо Витале подготви уникатен „саундтрак“ кој ќе биде посебен специјалетитет за возачот на i4 и ќе се трансформира во зависност од режимот на возење.

Покрај внимателно избраниот концепт за модерен и дигитализиран кокпит што подразбира и минимален број класични команди и нов iDrive контролер, доминира големиот заоблен екран на кој се поставени инструмент таблата и класичните функции од инфо-забавниот систем.

Производството на BMW i4 е одредено за фабриката во Минхен, а се очекува да започне во втората половина на следната година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба