Новитети
BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Електричниот седан има батерија со капацитет од 81.2 kW, која овозможува досег со едно полнење од безмалку 600 километри.
BMW ги објави деталите за осмата генерација на 5 Series, а воедно ја претстави и електричната изведба именувана ккао i5.
Според најавите, германскиот премиум производител ќе лансира најмалку четири електрични изведби на i5.
Електричниот седан i5, кој ќе се конкурира со Mercedes EQE, ќе ги има следните конфигураци: M60 xDrive, eDrive40 со погон на задната оска, караван изведба која ќе се продава само во Европа, како и уште една изведба со пого на сите тркала која ќе биде лансирана во 2024 година.
Продажбите на 5 Series и i5 ќе започнат во Октомври.
Електричниот седан има батерија со капацитет од 81.2 kW, која овозможува досег со едно полнење од безмалку 600 километри.