Slider

Вести

BMW ја стопира продажбата на М2 во Европа

Slider

Очекувањата се дека M2 ќе се врати во понудата, но не пред 2022 година, кога со нова погонска единица ќе биде и подобро адаптиран на строгиот Co2 режим на европска територија

28/05/2020

Фановите на BMW M2 мора да побрзаат доколку сакаат да стигнат до примерок на овој автомобил, бидејќи неговата продажба за европските пазари ќе трае уште само неколку месеци.

Атрактивното и моќно купе претставува еден вид проблем за германскиот производител поради строгите еколошки норми, а моторот кој го користи не е исплатлив за ревизија и затоа BMW ќе го повлече моделот, заедно со неговите M2 Competition и М2 CS изведби, кои располагаат со 410 и 450 коњски сили.

Купето останува достапно надвор од Европа и посебно во Соединетите Американски Држави, каде има и најголем број фанови.

– Информацијата дека актуелниот BMW M2 нема да се произведува за европските пазари е точна и овој модел ќе биде повлечен од продажба пред крајот на годината, – изјавил Андреа Шваб, задолжен за односи со јавноста во BMW M.

Очекувањата се дека M2 ќе се врати во понудата, но не пред 2022 година, кога со нова погонска единица ќе биде и подобро адаптиран на строгиот Co2 режим на европска територија.

Она во што потенцијалните и трпеливи купувачи можат да бидат сигурни е дека и следниот M2 ќе добие мотор со шест цилиндри и перформанси кои ќе го прават купето сериозен предизвик.

Повеќе содржини за спортски модели

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider