Slide

Стории

BMW ја заврши 2021 година под Co2 лимитот, благодарение на кризата со недостиг на чипови

Slide

Во Германија, 25% од сите продажби на BMW, и 31% од сите продажби на MINI во 2021 година биле или комплетно електрични или плаг-ин хибридни изведби.

22/03/2022

BMW ја заврши минатата 2021 година со 10 грама по километар под горната граница определена од страна на Европската Унија. 

Овој успех е во голема мера резултат на големата побарувачка за електрифицирани модели, вклучувајќи ги тука и оние на брендот Mini.

Нивото на Co2 емисија на групацијата минатата година изнесуваше 115,9 g/km, споредено со 126 g/km – горната граница определена од регулаторот за 27 те земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги тука и Норвешка и Исланд.

BMW лансираше два комплетно нови и комплетно електрични модели кон крајот на 2021, iX SUV моделот, како и i4 – електричниот седан.

Автомобилскиот производител очекува удвојување на глобалните EV продажби во 2022, што би значело бројка од 200,000 продадени примероци.

За да го постигне ова, BMW ќе лансира уште два нови комплетно електрични модели: тоа е моделот i7 – електрична изведба на новата 7Series, како и iX1 – електрична изведба на компактниот кросовер X1. Во 2023 е планирана и комплетно електрична изведба на седанот 5 Series.

Брендот Mini, кој е дел од групацијата, имаше значителна улога во намалувањето на Co2 емисиите, поради големата побарувачка за двата електрифицирани модели на брендот – комплетно електричниот Mini Electric, како и плаг-ин хибридот Cooper SE Countryman.

Со 34,851 продадени примероци во 2021, Mini Electric беше најдобро продавана изведба на моделот. Продажбите на Cooper SE Countryman пораснаа на 18,392 примероци, што претставува раст од 24%. Глобалните продажби на Mini во 2021 година изнесуваат 302,144 примероци, што претставува раст од 3.3%.

BMW планира брендот Mini да биде комплетно електричен до 2030 година. Следната година ќе започне заедничкото вложување на BMW со Great Wall, во однос на отворање на фабрика во Кина, каде ќе се произведуваат два електрични MINI модели наменети за кинескиот и глобалниот пазар.

BMW не споделува бројки за продажбите на електричните и плаг-ин хибридните изведби по модели и региони, но достапен е податокот дека во Германија, 25% од сите продажби на BMW, и 31% од сите продажби на MINI биле или комплетно електрични или плаг-ин хибридни изведби.

Оливер Зипсе, извршниот директор на BMW неодамна изјави дека очекува до 2030 година половина од вкупните продажби, односно околу 1.5 милиони возила да бидат комплетно електрични изведби.

Недостигот на полупроводници, всушност позитивно влијаеше во однос на остварувањето на Co2 нормите бидејќи производителите, меѓу кои и BMW, им дадоа приоритет на електрифицираните модели бидејќи тие носат и поголема заработка.

Горните лимити на Co2 се тешко остварливи, особено по 2020 година, кога ЕУ ја дефинираше границата од 95 k/km емисија на Co2 на ниво на групација.

Сепак, производителите како BMW и Mercedes-Benz, кои продаваат потешки возила, имаа нешто повисоки лимити. Но, исклучокот за возилата кои имаат повисоки емисии на Co2, престана да важи од почетокот на 2021 година.

Од друга страна, системот на “супер кредити”, преку кој секоја продажба на електрично возило се множи со коефициент 2, ќе заврши на крајот на 2023 година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди