Slider

Вести

BMW ќе понуди електрични изведби и на X1 и 5 Series

Slider

Во следната 2021 година, BMW во понудата ќе ги има електричните i3, i4, iX3 и iNext, а една година подоцна е најавена и новата генерација на 7 Series, која исто така ќе понуди електрична изведба

28/07/2020

Електрификацијата донесе позитивни моменти за BMW, кој е еден од брендовите со најдобра позиција во Европа, но и на глобално ниво.

Како дел од тој процес, германскиот производител веќе донел одлука да подготви електрични изведби и на новите генерации на 5 Series и X1.

Понудата ќе ги содржи бензинските и дизел изведбите, но и плаг-ин хибрид и електрични варијации, со што Баварците побрзо ќе се впуштат во битка во повеќе сегменти меѓу електрифицираните модели.

Во следната 2021 година, BMW во понудата ќе ги има електричните i3, i4, iX3 и iNext, а една година подоцна е најавена и новата генерација на 7 Series, која исто така ќе понуди електрична изведба.

Целта на BMW е до 2030 година да има продадено 7 милиони електрифицирани примероци, а половина од нив да бидат на електричен погон.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider