Slide 1
Slide 1

Новитети

BMW M5 CS стана најмоќниот претставник на M дивизијата на Баварците

Slide 1
Slide 1

27/01/2021

M дивизијата на BMW не планира да престане со изненадување на своите фанови со жешки спортисти, а баварскиот бренд денеска го претстави и M5 CS.

Се работи за најмоќниот и најбрзиот автомобил кој е подготвен од M GmbH и кој не само што ја надминува моќноста на M5 Competition, туку доаѓа и со надграден „материјал“ кој му дава дополнителна тежина на проектот.

BMW M5 CS располага со 4.4-литарски V8 мотор, кој стигнува до 635 коњски сили, а во насока на подобри возни својства одат лесната конструкција, тјунирањето на шасијата M xDrive погонот, кој на специфичен начин се грижи за дистрибуција на вртежите до двете оски.

За перформансите на M5 CS доволно говори и фактот што тој стигнува до 750 Nm, достапни меѓу 1.800 и 5.950 вртежи во минута, а овој модел е и најдобар спринтер во М дивизијата, стигнувајќи до 100 км/ч за само 3 секунди.

Во целото пакување се вклучени многу ексклузивни и напредни елементи и технологии, а може само да се потенцира дека возачот ќе располага со карбон-керамички сопирачки, ласерски светла и специјално подготвен M5 издув, додека во спортски поставениот ентериер се вметнати Alcantara кожа, хед-ап екран и 12,3-инчен централен екран.

BMW M5 CS ќе биде достапен од оваа пролет и неговата цена во Германија ќе изнесува 180.400 евра.

Повеќе содржини за BMW:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови