Slide

Вести

BMW: Масивните вертикални „бубрези“ ќе бидат користени само за 4 Series

Slide

09/06/2020

Неодамнешната премиера на втората генерација на BMW 4 Series предизвика интересна дебата меѓу фановите на брендот, со оглед на фактот што „четворката“ ги доби големите „бубрези“ во вертикална поставеност или масивната решетка, која беше најавена уште со концептот претставен во Франкфурт.

Германците останаа на својот првичен план да одат со похрабар дизајн на купето, а сега потенцираат дека овој елемент ќе биде заштитен знак само на овој модел.

Главниот дизајнер Домагој Ѓукец, во својата последна изјава вели дека во BMW биле свесни дека дизајнот ќе биде дебатиран, но е сигурен дека постапиле правилно со своето решение.

– Интерно донесовме одлука дека вертикалните „бубрези“ се одлично решение за 4 Series. Нам ни се допаѓаат, добриот дизајн не може да се опишува како убав или впечатлив, тој мора да биде дрзок, – вели Ѓукец.

– Се обидуваме да ги исполниме очекувањата на различен тип купувачи, па затоа оваа решетка нема да се појави на 3 Series или некој друг модел, меѓу кои и освежената 5 Series. Секој модел треба да биде уникатен, – вели Ѓукец.

Повеќе содржини за BMW

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба