Skip to content

Новитети

BMW мисли на најпребирливите SUV фанови: X5 M и X6 M стигнаа до 625 кс

Новите X5 M и X6 M ќе добијат по 600 коњски сили и вртежен момент од 750 Nm, додека кај Competition изведвите, моќноста стигнува и до 625 коњски сили

02/10/2019

Спортските карактеристики и динамичноста се дел од основниот концепт за моделите X5 и X6 на BMW, но Баварците не пропуштаат шанса да им излезат во пресрет на фановите кои сакаат помоќни изведби од класичните.

Нивниот апетит ќе биде задоволен со новите генерации на X5 M и X6 M, односно нивните Competition изведби, варијации на спортските SUV модели кои ќе располагаат со моќни погонски единици и специјални модификации за изразување на перформансите.

Новите X5 M и X6 M ќе добијат по 600 коњски сили и вртежен момент од 750 Nm, додека кај Competition изведвите, моќноста стигнува и до 625 коњски сили. Задолжен за ваквото задоволство е 4.4-литарскиот V8 мотор кој соработува со 8-степена M Steptronic трансмисија и погон на четири тркала.

Адаптивна суспензија, 21-инчни тркала напред и 22-инчни тркала назад и специјални сопирачки се само дел од елементите кај овие четири автомобили, кои добиваат специјални додатоци на екстериерот и ентериерот за подобра аеродинамичност, односно обезбедување уникатна M атмосфера во кабината.

Во однос на бројките, X5 M Competition и X6 M Competition стигнуваат до 100 км/ч за само 3,8, односно 3,9 секунди, што значи подобрување за речиси половина секунда во однос на претходниците.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend