Slider

Вести

BMW не планира да произведува ривал за Audi A1 Sportback

Slider

Најмалиот модел на баварскиот бренд е BMW 1 Series кој е член на компакт класата, а тоа нема да го промени ниту фактот што Audi ја потврди исплатливоста на проектот А1 со неодамнешното претставување на втората генерација

06/02/2020

Новата генерација на Audi A1 Sportback му донесе важно освежување на брендот од Инголштад кој има важна целна група меѓу премиум купувачите од Б сегментот, но BMW не планира да експериментира во овој дел од пазарната структура.

Најмалиот модел на баварскиот бренд е BMW 1 Series кој е член на компакт класата, а тоа нема да го промени ниту фактот што Audi ја потврди исплатливоста на проектот А1 со претставувањето на втората генерација.

Причина за ваквата стратегија на BMW е групациското планирање, односно оставање поголем простор за брендот Mini кој е во сопственост на германскиот концерн.

– Mini e фантастичен автомобил и мора да внимаваме да нема преклопување меѓу брендовите, – изјавил Петер Хенрих од BMW за британски „Аутокар“.

Audi A1 дебитираше во портфолиото на германскиот бренд во 2010 година, а минатата 2019 година во Европа беа продадени 77.870 примероци од втората генерација.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider