Slider

Вести

BMW останува најголем автомобилски извозник на американска територија

Slider

15/02/2021

Германскиот производител BMW гордо го истакнува фактот дека и во 2020 година бил најголем извозник на автомобили во Соединетите Американски Држави, успех кој го постигнува седма година по ред.

Активностите во фабриката во Спартанбург, во сојузната држава Јужна Каролина, беа доволни за BMW повторно да извезе најмногу примероци од американска територија на голем број пазари на сите континенти.

Официјалната бројка вели дека 218.820 автомобили произведени во Спартанбург завршиле надвор од САД, а вредноста на тие автомобили изнесува 8,9 милијарди долари.

Најважен пазар за американското производство на BMW останува Кина, со 23,3% од произведените примероци кои завршиле во азиската земја, потоа следуваат Германија (12,9%), Јужна Кореја (7,8%), Канада (6%) и Русија (5,3%).

Во американската фабрика, во 2020 година биле произведени вкупно 361.365 автомобили, а поставен е и рекорд за производството во втората половина од годината (218.000), при што плаг-ин хибрид изведбите исто така поставиле сопствен рекорд со удел од 13 проценти од целото производство.

Фабриката во Спартанбург игра важна улога во глобалното присуство на BMW уште од 1994 година, дневно во неа се произведуваат по околу 1,500 автомобили, а Германците на оваа локација ги произведуваат моделите X3, X4, X5, X6 и X7, како и неколку нивни спортски и плаг-ин хибрид изведби.

Повеќе содржини за BMW:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider