Slider

Вести

BMW планира девет електрични автомобили до 2025 година

Slider

Баварската компанија сака да биде лидер меѓу премиум производителите во однос на продажбата на електрифицирани возила, а во стратегијата се вметнати седум модели на BMW и два електрични модела на брендот Mini

07/09/2020

Германски BMW планира поагресивна стратегија во однос на електрификацијата, а најмногу со комерцијализација на дури девет електрични автомобили до крајот на 2025 година.

Баварската компанија сака да биде лидер меѓу премиум производителите во однос на продажбата на електрифицирани возила, а во стратегијата се вметнати седум модели на BMW и два електрични модела на брендот Mini.

Првите модели кои во иднина ќе добијат електрична изведба се X1, 7 Series и 5 Series, со што ќе се приклучат на веќе претставениот iX3, а подоцна се очекува и купето i4. Прогнозите се дека следни на списокот ќе бидат електрични изведби на 1 Series и X5.

BMW во продолжение од деценијата ќе ја зголеми понудата, а тоа ќе се случува и со Mini, кој веќе има има електрична изведба на класичниот хечбек, но засега не е јасно кои два модела со логото на британскиот бренд ќе му се приклучат наредниве години.

Групацијата очекува да продаде седум милиони електрифицирани изведби до крајот на 2030 година, а до крајот на следната 2021 година проектираната бројка е еден милион.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider