Вести
BMW, преку соработка со со Nvidia, ќе го преполови времето потребно за изградба на нови фабрики
Во зависност од земјата, во моментов прелиминарниот процес за планирање на нова фабрика трае од 12 до 14 месеци, додека самиот процес на изградаба трае помеѓу една и две години.
Еден од клучните предуслови за забрзана трансофрмација на авто индустријата кон комплетна електрификација е и брзината на адаптација на постојните и изградбата на нови фабрики.
Прашањето е дали изградбата на нова фабрика може да се одвива и побргу? Премиум производителот од Минхен верува дека овој процес може да се скуси и за 40%. Ова го најавува директорот за производство во BMW, Милан Недељковиќ.
Во зависност од земјата, во моментов прелиминарниот процес за планирање на нова фабрика трае од 12 до 14 месеци, додека самиот процес на изградаба трае помеѓу една и две години.
Според Недељковиќ, доколку значително се скуси рокот за планирање, во реалност ќе го скусат целиот процес за изградба од три години на две.
За да го оптимизираат процесот на планирање, BMW се приклучува кон Mercedes-Benz и Toyota во започнување на соработка со Nvidia, во однос на виртуелно планирање на нови фабрики.
Имено, платформата Omniverse на Nvidia ќе овозможи проектантите во BMW да креираат виртуелена копија од идната фабрика во Дебрецен, каде BMW ќе започне да произведува возила поставени на новата “Neue Klasse” платформа.
Според експерти во индустријата, дигиталното проектирање на фабриките може да го скуси времето за изградба до 30%, да го подобри квалитетот за 20% и да ја зголеми ефикасноста на планирање на ресурсите за 40%.
BMW го користи истиот систем за ремоделирање на фабриката во Јужна Каролина во САД.