Slide

Вести

BMW привремено испорачува возила без Apple CarPlay и Android Auto, кои ќе станат достапни подоцна, преку безжична надградба

Slide

Од клиентите е побарано да почекаат до крајот на јуни, кога преку безжична надградба на софтверот, овие функционалности ќе бидат овозможени.

09/05/2022

Клиентите добиваат ветување од страна на производителот, дека услугите CarPlay и Android Auto ќе станат достапни кон крајот на јуни.

Имено, BMW привремено испорачува нови возила во кои Apple CarPlay и Android Auto функционалностите не се веднаш достапни, поради промената на добавувачот на чипови, која во крајна линија би требала да му помогне на производителот да ги надмине тековниот недостиг на полупроводници.

Од клиентите е побарано да почекаат до крајот на јуни, кога преку безжична надградба на софтверот, овие функционалности ќе бидат овозможени.

“Чиповите кои се вградени во овие возила во првите четири месеци од годината, мора да почекаат надградба на софтверот за да бидат комплетно функционални, по што ќе може да се овозможат Apple CarPlay/Android Auto како и Wi-Fi функционалности”, изјавуваат од BMW во писмено соопштение.

Германскиот премиум производител не објави кои модели и кои пазари се засегнати, но засега се познати случаи со клиенти во САД, Италија, Шпанија, Велика Британија и Франција, чии возила се испорачани без овие функционалности.

Засегнатите модели го имаат кодот 6P1 во нивната спецификација.

Безмалку сите автомобилски производители во светот бараат привремени решенија за да го овозможат производството и покрај продолжениот проблем со недостигот на чиповите, како и некои други компоненти.

Од BMW исто така изјавија дека престанале да нудат мануелна трансмисија за моделите од брендот Mini, поради недостиг на компоненти.

“Заради осигурување на максимален производен капацитет и задоволување на потребите на клиентите, нашата производна понуда мораше да биде симплифицирана”, се вели во известување од компанијата. “Ова решение е најефективниот начин да се озвозможи стабилност на производството, а ние ќе можеме да продолжиме да ги снабдуваме сите наши клиенти со нови Mini возила”.

И Mercedes-Benz во одредени периоди произведуваше возила без сите функционалности, кои подоцна беа додавани или сѐ уште чекаат да бидат додадени во испорачаните возила.

“Во првиот квартал, одлучивме да произведеме возила без некои од клучните компоненти, и сѐ уште очекуваме тие да бидат испорачани во вториот квартал”, изјави Харалд Вилхелм, главниот финансиски директор на Mercedes.

Добавувачот на инфотејнмент компоненти, компанијата Harman, работи на редизајн на своите производи за да ја намали нивната зависност од чиповите.

“Во некои случаи, успеавме да ја намалиме комплексноста на некои од нашите производи, а да го одржиме корисничкото искуство на исто ниво”, изјави Кристијан Соботка, директорот на одделот за автомобилска опрема во Harman. 

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск