Slide
Slide

Стории

BMW се обидува технолошки да ги надмине Tesla и Audi преку вградување на 5G во iX моделите

Slide
Slide

Иако iX е безмалку 150мм покус од најголемиот SUV на BMW поставен на CLAR платформата (X7), нивното меѓуоскионо растојание е безмалку идентично.

22/12/2021

Според техничкиот директор на BMW, новиот оперативен систем на iX моделите може да процесира двојно повеќе информации и 20 пати повеќе податоци.

BMW овозможи доволно компјутерска моќ на iX моделот за да може да се класифицира како “rolling smart device”.

Целта е да се привлечат тековните клиенти на Tesla Model X, Audi e-tron и Mercedes-Benz EQC во премиум SUV сегментот, а воедно да се пренасочат дел од клиентите на BMW 7 Series и X7 да преминат кон електрични модели.

Моделот iX, чии цени стартуваат од 77,300 евра (Германија), е првиот модел на производителот кој понуди 5G технологија, која од неодамна започна да се нуди во мобилните телефони и таблетите. Кај моделот дебитира и iDrive 8 инфотејнмент системот кој го користи новиот оперативен систем на BMW.

“Новиот OS8 е најмоќниот технолошки систем кој го имаме развиено досега. Тој процесира двојно повеќе информациски сигнали и 20 пати поголем волумен на податоци споредено со претходниот”, изјави Франк Вебер, директорот за развој на BMW  за време на дигитална презентација. “BMW iX предничи со дигиталните технологии”.

Помеѓу останатите технолошки иновации е и навигацискиот систем кој користи дополнета реалност (augmented reality), дигитален клуч кој овозможува отклучување на возилото со мобилен телефон, како и беспрекорниот заоблен дисплеј кој е креиран преку спојување на 12.3 и 14.9-инчните екрани.

Моделот iX е конкурентен со своите SUV соперници на брендот во однос на просторот, како резултат на промените кои BMW ги спроведе во однос на CLAR платформата, особено во однос на нејзиното модифицирање со цел батериските ќелии да се вградат во подот, што во крајна линија овозможува повеќе простор за патниците во кабината.

Иако iX е безмалку 150мм покус од најголемиот SUV на BMW поставен на CLAR платформата (X7), нивното меѓуоскионо растојание е безмалку идентично.

“Помалиот” X5 и електричниот iX, пак, имаат слична должина.

BMW iX нуди мобилен простор за дневен престој во кој патниците ќе се чувствуваат многу комотно, а интелигенцијата на возилото е на дофат тогаш кога ќе ви затреба”, изјави Адриан ван Хојдонк, директорот за дизајн на BMW Group.

BMW iX е достапен во две погонски изведби, и двете со електрични мотори на предната и задната оска. Изведбата xDrive40 има 71-kWh батерија која овозможува до 425 километри автономија според WLTP циклусот. Системската сила изнесува 240 kW (321 hp), што овозможува забрзување од 0-100 km/h за 6 секунди.

Помоќниот и поскап xDrive50, чија цена започнува од 100,000 евра, нуди 385 kW (516 hp) сила која ја добива од два електрични мотори кои, пак, се напојуваат од батерија со капацитет од 105,2 kWh. Забрзувањето од 0-100 km/h е за помалку од 5 секунди, а со едно полнење на батеријата може да се поминат до 630 километри.

Од следниот месец, ќе започне да се произведува и M60 изведбата со сила од 455 kW, и автономија од 575 километри.

Батеријата на iX xDrive40 може да се наполни од 10 до 80% за 31 минута при полнење со капацитет од 150 kW. Помоќниот xDrive50 може да се наполни до 80% за 35 минути, а максималниот капацитет на полнење изнесува 200 kW. И двете верзии со себе имаат полнач со капацитет од 11-kW.

Моделот iX има значајна улога во остварување на плановите на BMW да успее да продаде 2 милиони електрични возила до 2025 година.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1