Вести

BMW се повлекува од плановите за отворање фабрика во Русија

Првиот човек на BMW во Русија, Штефан Тојхарт потврдил дека германскиот производител не успеал да дојде до договор со Русија за реализација на проектот, со кој Баварците ќе имаа важна локална продукција на дел од моделите наменети за Русија и регионот

12/02/2020

Раководството на BMW решило да ги прекине преговорите за изградба на нова фабрика во Русија, а причина се неуспешните преговори со руските власти околу економските олеснувања кои треба да ги одреди државата.

Првиот човек на BMW во Русија, Штефан Тојхарт потврдил дека германскиот производител не успеал да дојде до договор со Русија за реализација на проектот, со кој Баварците ќе имаа важна локална продукција на дел од моделите наменети за Русија и регионот.

Во моментов, рускиот партнер на BMW, компанијата „Автотор“ произведува одредена квота на автомобили во Калининград, но со увезени китови, а планот на компанијата е да изгради фабрика за целосно производство во Русија, по примерот на Daimler.

Ривалот минатата година отвори фабрика во Есипово во која произведува примероци на Mercedes E-Class, a токму брендот од Штутгарт има најголема продажба во премиум друштвото во Русија.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider