Slide 1
Slide 1

Новитети

BMW со нова генерација на Gran Coupe за комплетна 4 Series понуда

Slide 1
Slide 1

09/06/2021

BMW ја реализираше премиерата на BMW 4 Gran Coupe, комплетирајќи ја понудата во Серијата 4 каде веќе ги има класичното купе и кабриолет изведбата, а од неодамна и електричниот i4 како алтернатива за купувачите.

Купето со четири врати влегува во својата втора генерација, чии главни одлики се новиот специфичен дизајн со големи „бубрези“, поголемата динамичност и управливост, како и уште полуксузниот амбиент во кабината.

BMW 4 Gran Coupe ја користи CLAR платформата со која добива поголемо меѓуоскино растојание и поголем простор за патниците во кабината, а на располагање ќе бидат и 470 литри во багажникот.

Германците обезбедија голем број напредни безбедносни системи и за овој автомобил, вклучувајќи го и полу-автономното возење, на возачот ќе му помага интелигентениот асистент, а во кокпитот ќе бидат вметнати 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 10,25-инчен централен екран.

LED светлата се дел од стандардната опрема, додека BMW ги стави како опција и ласерските светла.

Во однос на погонските единици, сите бензински и дизел мотори ќе добијат поддршка од 48-волтен стартер/генератор и ќе бидат благи хибриди, а на врвот на понудата ќе биде изведбата M440i xDrive, со 374 коњски сили и спринт до 100 км/ч за 4,7 секунди.

Повеќе содржини за BMW:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови