Slider

Новитети

BMW со X7 цели кон купувачите на Mercedes GLS и Audi Q7

Slider


X7 станува SUV со најголеми димензии во понудата на BMW. Долг е импресивни 5,15 метри, а во широчина стигна до 2 метри.

18/01/2019

Mалото затишје во продажните салони на BMW беше само најава за бурата која германскиот бренд почнува да ја реализира со големиот број новитети, чија комерцијализација значи проширување на премиум изборот.


Наредниот период ќе биде одбележан со целосно новата 8 Series, новите генерации на X5 и 3 Series, почеток на продажбата на атрактивниот Z4, но и проширување на SUV семејството со колосалниот X7.


Баварското мени е вистински предизвик за фановите на автомобилите и секој од споменатите автомобили имаат сериозни амбиции, најавувајќи дополнителен напредок на BMW и неговите продажни резултати.

Последен новитет кој е официјално најавен е X7, 5,15-метарскиот SUV со широчина од 2 метри и можност за трет ред седишта и очекувано најголемиот член на X портфолиото кој ќе биде опција за оние на кои не им се доволни квалитетите на X5.


Меѓуоскиното растојание од 3,1 метри е сериозно ветување за просторот во кабината и најавениот комфор и за патниците во третиот ред, а функционалноста на BMW X7 e надополнета со големиот багажник чиј капацитет се движи меѓу 326 и 2.120 литри.

Амбиентот во X7 не отстапува од очекувањата за автомобил од премиум понудата, а BMW ги вклучи сите последни технолошки иновации, но и дигитални решенија кои се заеднички квалитет за голем број модели.

Дигиталната инструмент-табла е дополнета со 12,3-инчен екран на централната конзола, а стилски изведената централна конзола е надградена со основните функции, вклучувајќи го и iDrive контролерот.

Големиот SUV овозможува и опција со две покомфорни седишта за вториот ред, а користењето на дополнителните две седишта во конфигурацијата со три реда е олеснета со командите за спуштање и поместување, поради кои патниците имаат и многу опции за да го направат возењето порелаксирано.


Пет-зонскиот клима уред, големиот панорамски кров, големиот број контроли околу седиштата и ласерските светла се само дел од опциите за можна надградба и персонализација, додека за комфорот се грижат воздушна суспензија и електронска контрола на подвозјето.


Се што е поврзано со комфорот подразбира и електронски системи, кои овозможуваат најдобра адаптација на условите на подлогата. Истовремено, возачот може да го искористи подигнувањето за 40 милиметри во оф-роуд услови, спуштањето на автомобилот за 40 милиметри при внесување потежок товар во багажникот, а во спортскиот режим на возење, BMW X7 автоматски се спушта кон асфалтот за 20 милиметри при брзина поголема од 138 км/ч.


Купувачите ќе можат да бираат меѓу 40i изведбата со 340 коњски сили, односно дизел варијантите со 265 (30d) и 400 коњски сили (M50d). Специјалитетот е исклучиво за американските купувачи на X7, а тоа е V8 моторот со 462 коњски сили за изведбата 50i.

Сите агрегати се комбинирани со 8-степена Steptronic трансмисија и погон на четири тркала, а тука е и оф-роуд пакетот.

Овој модел ќе го зголеми бројот на членови на X семејството, исто така ќе се произведува во американската фабрика во Спартанбург, а почетокот на производството е најавено за март, 2019 година. 

Потврдена механика
Новиот X7 ќе ги користи погонските единици кои претходно беа најавени и за помалиот X5. 3.0-литарските мотори се претставени со еден бензинец (340 ks) и две дизел варијации (265 и 400 ks), a се поврзани со погон на четири тркала и

8-степен автоматик.
Оф-роуд пакет како бонус
Германците овозможуваат надградба со оф-роуд пакетот кој подразбира пневматска суспензија и опција за избор на возење по различна подлога.

Производство во САД

Првите примероци на X7 ќе бидат испорачани во март следната година, а производството е планирано за фабриката во Спартанбург (САД).

7 седишта на располагање

Меѓуоскиното растојание од 3,1 метри е доволна потврда дека во X7 ќе има доволно простор и за 7 патници. Доколку третиот ред не се користи, се отвора багажен простор од 750 литри.

Личен асистент

BMW на возачот му става личен асистент кој ги препознава навиките и потребите, истовремено следејќи ги говорните команди. Возачот може да си избере и име па наместо „Hey BMW“, да го повикува асистентот со одредено име, а тој е подготвен да помогне со контрола на голем број функции.

Напредна трансмисија

8-степената Steptronic автоматска трансмисија е вклучена во сите варијанти на X7. Напредната технологија носи поефикасно менување степен на пренос, а со тоа и поголема ефикасност на погонската единица.

Премиум амбиент

Во сериската опрема на X7 е четири-зонски клима-уред, како и можности за дополнителна релаксација преку климатизацијата, греењето на седиштата и музиката. Заедно со осветлувањето, возачот и патниците добиваат амбиент од соништата.

Последен збор на технологијата

Интуитивниот и технолошки напреден инфо-забавен систем на BMW е поврзан со 12,3-инчен екран, во чија позадина работи најновиот 7.0 оперативен систем на Баварците. Со X7 го зголеми бројот и на гестикулации кои ги препознава системот.

Димензии

X7 станува SUV со најголеми димензии во понудата на BMW. Долг е импресивни 5,15 метри, а во широчина стигна до 2 метри.

Ривали

Audi Q7

Актуелната генерација на Q7 пристигна во продажните салони не толку одамна и затоа располага со слично технолошки напредно ниво, како и сличен избор на мотори. Распонот на моќност на мотори се движи меѓу 218 и 435 коњски сили, а купувачите можат да се одлучат и за плаг-ин хибридна изведба.

Mercedes GLS

Третиот претставник во ова друштво останува дел од понудата за оние кои сакаат да добијат најфукционален SUV од Mercedes. Изборот на GLS подразбира четири опции за погонската единица, односно три бензински мотори од кои едниот со AMG наставка и 585 коњски сили, како и дизел изведба со 258 коњски сили.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider