Slide

Новитети

BMW за разлика од Mercedes, го поставува електричниот седан i7 на истата платформа како 7 Series

Slide

Новата 7 Series има висока и вертикално поставена маска, чии димензии не заостануваат зад оние на моделите на Rolls-Royce, кои се и технички поврзани со луксузниот седан на BMW.

21/04/2022

Новата 7 Series ќе пристигне на крајот од годината. Нема да има V12 мотори и изведба со подолго меѓуоскино растојание, но сепак, ќе биде поголема од претходникот.

Дури и сегментот на луксузните седани беше делумно загрозен од SUV трендот во последните години. Дури и богатите сакаат да седат повисоко во своите возила. Но, на Блискиот Исток и земјите во Јужна Азија сѐ уште има клиенти кои ја преферираат класичната силуета на седан изведбите.

Потребата од заштеда на Co2 и електрификацијата се дополнителни аргументи за конвенционалниот седан изглед. Додека Mercedes креираше електрична седан верзија на S-Class преку седанот EQS кој е поставен на засебна платформа, BMW сака да ги комбинира изведбите со мотори со внатрешно согорување заедно со електричнтите, во еден модел. 

Затоа, визуелно, електричната 7 Series безмалку и не се разликува од изведбите кои имаат дизал или бензински мотори. Овие изведби со мотори со внатрешно согорување, нема да бидат достапни кај дилерствата се до следната пролет.

Новата 7 Series има висока и вертикално поставена маска, чии димензии не заостануваат зад оние на моделите на Rolls-Royce, кои се и технички поврзани со луксузниот седан на BMW.

Тоа што нема посебна продолжена изведба не е проблем, поради фактот што новата 7 Series е 13 сантиметри подолга од долгата изведба на претходникот. Висината и ширината се поголеми за по 5 сантиметри.

Растот на димензиите е јасен сигнал за вниманието кое се посветува на купувачите во Азија.

Во ентериерот доминира заоблениот дисплеј на кој во делот зад воланот е поставена инструмент таблата додека во делот над централната конзола е поставен инфотејнемнт екранот, слично како кај електричниот SUV iX.

Нов елемент е интеракцискиот панел, елемент кој хоризонтално се протега од средишниот дел на воланот па сѐ до лајсните на вратите.

Тој има позадинско осветлување, а на него се поставени контроли за клима уредот и касетата. Неговото осветлување може да се конфигурира според желбите на возачот. 

Сепак, главниот адут на инфотејнмент системот е поставен на задната клупа. 

Таму, во прегради на вратите се поставени два далечински управувачи со големина на мобилни телефони, преку кои сопатниците на задната клупа може да го придвижат 80 сантиметри долгиот 8K екран кој се спушта од покривот. Во тој случај, завесите го затемнуваат задниот, со што се добива впечаток дека се наоѓате во вистинска кино сала.

Изведбите со мотори со внатрешно согорување (два плаг-ин хибридни изведби 750е и М760е XDrive) како и благ хибрид со дизел мотор (740d xDrive) нема да бидат достапни во Европа се до следната пролет.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан