Slide

Стории

Bosch ќе ѝ помага на Cariad дивизијата на VW Group да ја престигне Tesla во автономното управување

Slide

VW Group во соработка со Bosch планира да го искористат огромниот волумен на автопроизводителот при креирањето на сопствена флота од автономни возила кои ќе генерираат и споделуваат податоци при нивното движење во сообраќајот.

29/01/2022

Volkswagen Group објави нова соработка со својот добавувач Bosch, за развој на софтвер за автономно управување.

18 месеци по формирањето на Cariad, самостојна компанија за развој на софтвер за групацијата, VW сепак има потреба од дополнителна експертиза од своите партнери за развој на ултра-сложениот софтвер кој е потребен за имплементирање на напредните системи за автономно управување.

“Ние ги обезбедуваме правата на интелектуалната сопственост и експертизата за дизајнирање на сопствен софтвер”, напиша Херберт Дис, извршниот директор на VW на LinkedIn, именувајќи го потегот како “важен чекор”.

Cariad првично беше формирана како самостојна дивизија во рамките на VW Group, но Дис уште минатата година најави дека групацијата е отворена за нови партнерства во однос на развој на софтвер и технологија.

Експертизата на Bosch, најголемиот автомобилски добавувач во светот, ќе му помогне на Volskwagen Group да ја намали разликата во развојот на технологијата во однос на главните конкуренти, вклучувајќи го помеѓу нив и американскиот гигант Tesla.

Објавувањето од страна на Mercedes-Benz во декември дека компанијата го доби првото одобрене во Германија за третото ниво на автономно управување на одредени типови на патишта, само го потенцираше фактот дека сличната функционалност, која е имплементирана во новиот Audi A8 сѐ уште го чека ова одобрение.

VW Group работи на важен проект именуван како Artemis, чија цел е развој на нови електрични модели кои ќе имаат вградено технологија за автономно управување. Сепак, иако беше предвидено првиот модел да биде подготвен во 2024, ќе има мало одложување, па рокот е продолжен за една година. 

VW Group е голема групација во која брендовите имаат и свои планови и визии. Така, на почетокот на јануари беше објавено дека Porsche, спортскиот премиум бренд во рамките на групацијата, самостојно ќе развива нови електрични модели независно од Artemis проектот.

Еден од главните конкуренти на VW Group, групацијата Stellantis, најави дека инвестира 23 милијарди долари за развој на софтвер, и планира за 2 години да воведе трето ниво на автономно управување во моделите на своите брендови. Stellantis соработува со BMW во развојот на технологијата. BMW, пак, наскоро ќе го воведе третото ниво на автономно управување, при лансирањето на новата генерација од седанот 7-Series.

“Ова партнерство значително ќе ни помогне да работиме забрзано на развој на ADAS/AD софтвер и да ги престигнеме конкурентите”, изјави Дирк Хилгенберг, директорот на Cariad, за време на средба со новинарите, директно спомнувајќи ја Tesla, како еден од главните конкуренти. “Тоа е главната причина за формирањето на новото партнерство”.

“Брзината е клучна, бидејќи Tesla веќе има голем број на возила на патиштата кои секојдневно регистрираат и споделуваат податоци со серверите на компанијата”, додава тој. VW Group во соработка со Bosch планира да го искористат огромниот волумен на автопроизводителот при креирањето на сопствена флота од автономни возила кои ќе генерираат и споделуваат податоци при нивното движење во сообраќајот.

Сепак, планот на активности на парнтерството предвидува постепен фазен развој, при што најпрво ќе се разивва технологија за воведување на напредно второ ниво на автономно управување, по што ќе следи и имплементирање на третото. Дури понатаму ќе следат 4-тото, па и 5-тото ниво, кое подразбира дека при било какви услови на возење, не е потребно да има возач во возилото.

“Главната цел е ADAS функционалностите да им бидат достапни на сите модели во нашето порфтолио, од Polo до Bugatti,” додава Хилгенберг. 

Ние планираме автономното управување да биде апликабилно за модели со големо сериско производство и широка база на купуавчи. Со други зборови, сакаме да го направиме достапно за сите, и мислиме буквално на сите, не само за возилата во премиум сегментот, туку и за масовните брендови”

“Партнерството со Bosch предвидува обврзувачки развој на решенија за третото ниво на автономно управување, а сѐ уште не се дефинирани рокови за развој и имплементација на системите од четвртото ниво. “Двете страни имаат амбиција за развој на четвртото ниво на автономија, па постепено ќе евалуираме како ќе постапуваме во иднина”, завршува Хилгенберг.

Не беа споделени финансиски детали за партнерството, но се очекува до 2025 софтверот да биде вклучен во 60% од новите возила на групацијата.

И претставникот на Bosch потенцираше дека партенрството ќе овозможи воведување на третото ниво на автономно управување кај масовните брендови, а не само кај премиум возилата. 

Големиот број на возила кои ги произведува групацијата ќе биде клучен за да може ваквата технологија да се направи достапна и кај масовните брендови. За илустрација, за овозможување на пакетот за автономно управување на Tesla купвачите мора да доплатат 12,000 долари, цена која досега два пати беше зголемувана.

Slide
Slide

Најнови содржини

Jaguar Land Rover додава трета смена во фабриката во Словачка, за да ја задоволи побарувачката за Defender
Volkswagen Group планира значаен поврат на инвестицијата во електрични возила веќе од 2026 година
Ford и VW Group отфрлуваат намалување на цените на своите електрични модели во Европа, по примерот на Tesla
Toyota трета година по ред е најголем автомобилски производител во светот