Вести

Bosch произведе брз автоматски тест за коронавирусот

Специјалниот апарат на кој се прават тестовите е развиен за шест месеци, а со него може да се реализираат по десет тестови во едно деноноќие, откако за еден резултат се потребни околу два и пол часа

26/03/2020

Германскиот гигант Bosch го стави во прв план проектот на својот оддел Healthcare Solutions, a денеска објави дека во соработка со ирската компанија Randox е произведен првиот автоматски тест за коронавирусот и други опасни вируси.

Специјалниот апарат на кој се прават тестовите е развиен за шест месеци, а со него може да се реализираат по десет тестови во едно деноноќие, откако за еден резултат се потребни околу два и пол часа.

Уште една предност на брзиот тест на Bosch e што Vivalytic уредот е компактен и пренослив и може да се употребува без други посебни предуслови во ординациите, лабораториите и амбулантите, а резултатите од тестот се добиваат директно и без потреба од транспорт во лабораторија.

Компанијата го која го лиценцира тестот вели дека е прв целосно автоматизиран молекуларен дијагностички тест од овој вид, а откако се зема брис од носот на пациентот, при што примерокот се вметнува во уредот.

Сензитивноста на тестовите е 95 проценти, а истите ги исполнуваат стандардите на Светската здравствена организација.

Bosch најави дека брзите COVID-19 тестови ќе бидат достапни во Германија веќе во април, а потоа ќе бидат понудени и во другите земји кои ќе покажат интерес.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider