Slider

Вести

Британците ги користат паркираните автомобили за посакуваните „мир и тишина“

Slider

Резултатите од анкетата на Skoda покажале и дека актуелното ограничување на движењето ги натерало сопствениците на автомобили подобро да се грижат за нив, па 22 проценти изјавиле дека сега ги чистат многу почесто од вообичаеното

08/05/2020

Голем број британски возачи го користат автомобилот како свое „засолниште“ за време на периодот на ограничено движење кои ги воведе владата во борбата со пандемијата на коронавирусот.

Британското претставништво на Škoda направило истражување меѓу 2.000 возачи и дури 8 проценти од нив откриле дека седат во своите паркирани автомобили за да се изолираат од семејството и да ја искористат тишината за различни активности.

Ако тие 8 проценти се пресметаат на сите возачи на британска територија, тогаш се работи за потенцијална бројка од 1,2 милиони возачи, кои го користат автомобилот и малку поинаку од секојдневното возење.

Повеќе од една петина жители на Лондон меѓу учесниците во анкетата изјавил дека ги наоѓаат потребните мир и тишина во овој комплициран период, а 7 проценти рекле дека ги користат паркираните автомобили за да слушаат радио или својот омилен подкаст.

По 3 проценти рекле дека во автомобилите гледаат и телевизија со помош на телефоните, а на 3 проценти паркираниот автомобил им е омилено место и за непречена дремка.

Резултатите од анкетата на Škoda покажале и дека актуелното ограничување на движењето ги натерало сопствениците на автомобили подобро да се грижат за нив, па 22 проценти изјавиле дека сега ги чистат многу почесто од вообичаеното.

– Можеби актуелната ситуација не дозволува да ги користиме автомобилите во иста доза на традиционален начин, но тие сепак имаат значајна улога во секојдневниот живот.

– Голем број USB приклучоци, греени и седишта со вентилација, филтрирање на воздухот, па и масажерите на седиштата ја зголемуваат важноста на автомобилите не само при возење, туку и кога се паркирани. Овие додатоци го прават престојот во автомобилот уште покорисен за индивидуалците и фамилиите, дури и за време на карантинскиот период, – велат од Škoda.

Повеќе содржини за Škoda

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider