Slider

Стории

Британците употребуваат 40 милиони возила, Ford Fiesta со најмногу примероци

Slider

Во однос на сегментите, најпопуларни се малите автомобили, чија бројка надминува 11,6 милиони, а најприсутен автомобил е Ford Fiesta со 1,6 милиони регистрирани примероци, пред Ford Focus (1,27 м) и Vauxhall Corsa (1,15 м)

22/04/2020

Возниот парк во Велика Британија првпат ја надмина границата од 40 милиони возила, покажа истражувањето направено од експерти, кои го потврдија растот од 1% во однос на минатата година.

Околу 35 милиони автомобили и околу 5 милиони комерцијални возила и возила на итните служби се движат секојдневно по британските патишта, а најголем раст минатата година постигнале комерцијалните возила чија бројка е зголемена за 28 проценти за само една деценија.

Во однос на сегментите, најпопуларни се малите автомобили, чија бројка надминува 11,6 милиони, а најприсутен автомобил е Ford Fiesta со 1,6 милиони регистрирани примероци, пред Ford Focus (1,27 м) и Vauxhall Corsa (1,15 м).

Статистиката открива дека во овие 40 милиони регистрирани возила во Велика Британија, над 7 милиони се со црна боја, по што следуваат сребрената (6,38 м) и сината (6,07 м).

Модели со најмногу регистрирани примероци во 2019 година
1. Ford Fiesta 1.607.247
2. Ford Focus 1.273.566
3. Vauxhall Corsa 1.155.988
4. VW Golf 1.080.133
5. Vauxhall Astra 963.212
6. VW Polo 715.403
7. Mini 666.045
8. Nissan Qashqai 551.229
9. BMW 3 Series 518.673
10. Toyota Yaris 509.839

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider