Slide 1
Slide 1

Стории

Британска SUVизација: Половина од продадените автомобили во април биле SUV

Slide 1
Slide 1

19/05/2021

Популарноста на SUV моделите е реалност веќе подолг период, па иако нивната доминација беше очекувана, постојаниот напредок на продажните резултати овозможува и рекордни постигнувања.

Купувачите во Обединетото Кралство, во претходниот месец април овозможиле SUV моделите од сите класи првпат во историјата да надминат половина од целата продажба.

Поточно, 50,2% од купените нови автомобили во април биле SUV претставници, а од почетокот на годината пазарниот удел на SUV моделите е 49,9%, што е најава дека ќе биде помината магичната граница и на годишно ниво.

Теренците како Land Rover Defender или Toyota Land Cruiser и кросоверите од типот на Land Rover Freelander беа само најава за зголеувањето на понудата, но и побарувачката, а процесот кој траеше 30 години, сега кулминираше со доминација на SUV моделите, вклучувајќи ги и најмалите кросовери.

Ако се исклучи класата на мали автомобили, во сите други на британскиот пазар доминираат кросоверите и SUV моделите, а во таканаречниот фамилијарен сегмент пазарниот удел е 51,2%.

– Купувачите почнаа да ги менуваат седаните за хечбек изведби во 70-те години од минатиот век, затоа што тие нудеа повеќе простор и беа попрактични. SUV моделите одат чекор напред, па без разлика на поголемата Co2 емисија, затоа што и во минатото никој не се грижеше за тоа како влијаат моноволумените на животната средина, – вели Џеј Нагли кој е еден од авторите на анализата.

Најпродавани SUV модели по класа во Обединетото Кралство (април 2021):

Мали: Ford Puma
Компактни: Nissan Qashqai
Големи: Skoda Kodiaq
Премиум компактни: Volvo XC40
Премиум средни: Jaguar F-Pace
Премиум големи: BMW X5
Луксузни: Range Rover

Повеќе содржини за SUV модели:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови