Slide

Вести

Британскиот бестселер Ford Fiesta е најомилен автомобил и меѓу крадците

Slide

02/02/2021

Ford Fiesta ја заврши и 2020 година како најпродаван модел на британскиот пазар, а статистиката од оваа земја открива дека популарниот супкомпакт е фаворит и меѓу организираните криминални групи кои крадат автомобили.

Fiesta ја задржа челната позиција меѓу најкрадените автомобили која ја имаше и во 2019 година, а бројката дури се зголемила за 1.000, па во 2020 година „исчезнале“ вкупно 3.392 примероци на британскиот бестселер.

Зад Fiesta останува луксузниот Range Rover со 2.881 украден автомобил, а првата тројка ја комплетира Volkswagen Golf со 1.975 украдени автомобили.

Официјалната статистика покажува дека минатата година автомобилските кражби биле зголемени за речиси 20.000 и стигнале до бројката од 74.769, што значи дека во просек биле крадени по 205 автомобили секој ден.

Премиум автомобилите и натаму одржуваат висок процент меѓу украдените автомобили, а покрај Range Rover, најмногу украдени примероци имало уште на BMW X5 и Mercedes GLC, што повторно не е изненадување со оглед на популарноста на овие модели на британскиот пазар.

Дека ситуацијата оди во негативна насока говори и фактот што во 2020 година, дури 72 проценти од украдените автомобили не биле пронајдени, а тоа е највисока бројка последната деценија.

Полицијата и осигурителните компании апелираат да се користат гаражи бидејќи 76 проценти од кражбите се поврзани со автомобили паркирани на улица, а дури 80 проценти се случиле навечер.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила