Вести

Bugatti ќе го претстави Chiron со реден број 250 во Женева

Јубилејниот примерок на Chiron бил произведуван три недели, се работи за лимитираната изведба Chiron Sport Edition Noire Sportive, a пред да го израдува својот сопственик, ќе го краси штандот на Bugatti во „Палекспо“

20/02/2020

Производителот на луксузни спортски автомобили, Bugatti, најави дека на претстојниот Саем во Женева ќе го претстави 250-тиот произведен примерок на својот актуелен модел Chiron.

Оваа бројка е важна за Chiron поради фактот што неговото производство е планирано во само 500 примероци, што значи дека четири години по премиерата е на половина пат од најавениот комерцијален период.

Јубилејниот примерок на Chiron бил произведуван три недели, се работи за лимитираната изведба Chiron Sport Edition Noire Sportive, a пред да го израдува својот сопственик, ќе го краси штандот на Bugatti во „Палекспо“.

Цената на дваесетте примероци од оваа лимитирана изведба започнува од 3,3 милиони американски долари.

Chiron и самиот дебитираше во Женева во 2016 година како наследник на Veyron, а овој луксузен спортист располага со W16 мотор со 1.600 коњски сили.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider