Slide

Новитети

Bugatti со екстремен концепт: Bolide доби 1.850 кс и ќе вози над 500 км/ч

Slide

28/10/2020

Моќноста од 1.850 коњски сили доволно објаснува зошто фановите на спортските автомобили со нетрпение ја очекуваа денешната премиера на концептот за новиот хипер автомобил на Bugatti.

Bugatti Bolide e вистински ѕвер за кој производителот употребил многу иновации, со кои обезбедил ултра лесна конструкција, врвна аеродинамичност и неверојатни перформанси од својот 8.0-литарски W16 мотор.

Bolide доаѓа со однос тежина по коњска сила 0,67 кг/кс, што одлично отсликува што може да понуди автомобилот кој е тежок само 1.240 килограми, а располага со 1.850 коњски сили.

Иако Bugatti засега не потврди сериско производство во лимитиран број како што е вообичаено за брендот, јасно е дека ваквиот техничко-технолошки напредок ветува дека наскоро Bolide ќе се најде во колекциите на привилегираните купувачи на Bugatti, кои истовремено ќе треба да одделат и неколку милиони за ова задоволство.

Новиот специјалитет на Bugatti е креиран со помош на ревизија на многу процеси и елементи во погонската единица, но и користење на титаниум, карбон и други лесни материјали за да се добие посакуваната тежина и да се зголеми потисокот при големи брзини.

Производителот ветува максимална брзина од над 500 км/ч за евентуалниот произведен Bolide, a истата би ја достигнувал за околу 20 секунди.

Главниот дизајнер Ахим Аншајт открил дека ова е најекстремен концепт откако тој работи во Bugatti и дека во овој случај повеќе се внимавало на возните карактеристики, отколку на стилот.

Се сомневаме дека некој од фановите на Bugatti ќе има забелешка на ваквиот пристап.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба