Slider

Новитети

C3 Aircross Rip Curl – Уникатен карактер за SUV авантуристот

Slider

Свежиот изглед на C3 Aircross веќе му обезбедија над 290.000 купувачи на овој модел, а неговата моќ за трансформација со помош на персонализацијата го прават еден од најинтересните членови на својот сегмент

26/05/2020

C3 Aircross важи за еден од најуспешните модели на Citroën, а атрактивниот кросовер сега ќе добие и специјална Rip Curl изведба.

Пребирливите купувачи отсега ќе имаат можност да стигнат до изведба чии детали ќе ја дистинкцираат од класичниот C3 Aircross, a Rip Curl изведбата е базирана на Shine нивото на опременост, што е уште еден доказ за содржината со која располага.

Свежиот изглед на C3 Aircross веќе му обезбедија над 290.000 купувачи на овој модел, а неговата моќ за трансформација со помош на персонализацијата го прават еден од најинтересните членови на својот сегмент.

Во Rip Curl изведбата, Citroën предвиде специјални 16-инчни црни Matrix алуминиумски фелни, двотонски Perla Nera кров, Rip Curl беџ и голем број декоративни елементи во специјална окер нијанса.

Паралелно со специјалните бои и контраст, C3 Aicross Rip Curl ги има и придобивките од Shine нивото на опременост, што значи и 7-инчен екран со TomTom навигација, компатибилност со Apple CarPlay и Android Auto, систем за автономно сопирање и многу други елементи.

Повеќе содржини за Citroën

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider