Slide

Стории

C3 и C5 Aircross: Француска SUV супериорност по рецепт на Citroën

Slide

Купувачите ја наградуваат храброста на Citroen, кој преку своите креативни идеи овозможува персонализација и индивидуален карактер за секој автомобил, а во споредба со ривалите, C3 Aircross и C5 Aircross можат да се пофалат со одличен простор во кабината, како и привлечен капацитет на багажникот

17/09/2019

Вклучувањето на SUV забавата во авто-индустријата му овозможи на Citroën да истакне три свои посебни вредности – иновативните технологии, креативниот дизајн и специфичната доза комфор која е поврзана и со стогодишната традиција на брендот.

Во годината во која Французите го одбележуваат заокружувањето на првиот век откако Андре Ситроен реши да ја формира компанијата, логото со двоен шеврон може да се најде кај двајца претставници на SUV сегментот.

Првиот член беше C3 Aircross кој веќе си изгради одличен имиџ меѓу фановите на урбаните градски кросовери, за во 2019 година да му се приклучи C5 Aircross како поголем, семеен SUV со многу напредни опции и содржини кои му даваат предност во однос на ривалите.

За само половина година на пазарот, C5 Aircross веќе е продаден во над 50.000 примероци, додека C3 Aircross за една година присуство во продажните салони стигна до респектабилни 200.000 примероци кои се произведени и испорачани.
Купувачите ја наградуваат храброста на Citroën, кој преку своите креативни идеи овозможува персонализација и индивидуален карактер за секој автомобил, а во споредба со ривалите, C3 Aircross и C5 Aircross можат да се пофалат со одличен простор во кабината, како и привлечен капацитет на багажникот.

Големата популарност меѓу купувачите е потврдена и со фактот што овие два модела се на второто и третото место според продажбата во Европа во рамките на брендот, а заостануваат само зад субкомпактот C3, чија нова генерација продолжува да доминира во семејството на Citroën и е високо позиционирана во својата класа.

Робустноста и препознатливиот дизајнерски израз на Citroën се препознатливи на двата модела, а она што исто така им е заедничко е и можноста да совладаат и поекстремен терен, благодарение на Grip Control системот. Тој е поврзан со предните, погонувани тркала и му помага на автомобилот да се „разбере“ со подлогата без разлика на нејзината содржина, а возачот може да избере опција во зависност од условите кои владеат на патот.

На тој начин и заедно со асистенцијата при возење во поостра надолнина, C3 Aircross и C5 Aircross интензивно го одржуваат високото ниво на безбедност, како и самоувереноста на возачот. Не недостасуваат ниту модерните елементи како екрани на допир и дигитална инструмент табла, која кај C5 Aircross може да се комбинира и со 3D навигација.

C3 Aircross се произведува во шпанска Сарагоса и претставува вистински европски кросовер, кој ги обединува робустноста, соодветниот клиренс и посакуваната повисока позиција за седење. Големите стаклени површини обезбедуваат одличен преглед на опкружувањето, а Citroën се погрижи и за удобни седишта, напредна ергономија и голем број елементи кои се дел Citroën Advanced Comfort програмата.

Модуларноста исто така не е за потценување бидејќи возачот и патниците можат да калкулираат со позицијата на задната клупа, а багажникот започнува со 410 литри и може да стигне до 520 литри само со мало лизгање нанапред на задната клупа.
Вака трендовски модел не би бил комплетен без посакуваните перформанси во однос на поврзувањето со телефон и различни апликации, хед-ап проекција како и многу безбедносни системи.

Од друга страна, поголемиот и понов C5 Aircross чија производствена база е во Рен, пристигнува во продажните салони како француски продукт со карактер кој ќе биде почитуван во цела Европа. Не само што го претставува модерниот пристап на Citroën, дизајнот во кој се вклучени и уникатните „аir-bumps“ и кровните носачи го издвојуваат C5 Aircross од големиот број ривали, а овој SUV може да се пофали и со клиренс од 23 сантиметри, како и рекорден багажник во својата класа (580 литри).

Посебно треба да се потенцира и модуларноста на задната клупа и карго просторот, елемент за кој Citroën успеал да обезбеди дури 81 начин за конфигурирање според приоритетите на возачот и патниците.
Вистинско богатство во портфолиото на C5 Aircross e можноста за 30 комбинации на бои, пакети со детали и уредувања на ентериерот, а овој модел е и вистински предводник во однос на последните достигнувања на Citroën Advanced Comfort.

Французите не се штедат од овој аспект, постојано подобрувајќи ги стандардите, а меѓу најважните квалитети на C5 Aircross се прогресивните хидраулични перничиња кои имаат круцијално влијание врз комфорот и му даваат предност на овој SUV во однос на другите конкуренти во класата.

На располагање се најнапредните безбедносни системи од кои дел се вклучени и во сериската опрема, автономно возење во второ ниво, но и технолошки напредни опции како безжично полнење на телефон.

Моќните мотори кои се грижат и за економичноста се комбинираат со мануелна, но и новата 8-степена автоматска трансмисија, што е уште една причина поради која Citroën може да се гордее со својот последен новитет со кој ја прошири SUV гамата.
Ако се следи импулсот на купувачите, францускиот производител успеа да се наметне во сегментот, па секој втор купувач на Citroën веќе се одлучува за еден од двата SUV модела, при што кај C5 Aircross, 50 проценти од продадените примероци се со највисокото Shine ниво на опременост.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба