Slider

Новитети

C40 Recharge е првиот целосно електричен модел на Volvo

Slider

02/03/2021

Стратегијата за електрификација на Volvo подразбира целосна трансформација на понудата во електрични автомобили до 2030 година, а шведскиот бренд тоа ќе го реализира со повеќе нови модели на електричен погон.

Еден од нив е претставен денеска и го доби името C40 Recharge, со што стана прв автомобил на Volvo кој е подготвен целосно како модел на електричен погон.

Новиот Volvo C40 Recharge e интересен купе-кросовер кој ќе користи иста платформа со веќе познатиот XC40 Recharge P8, a интересниот дизајн ќе им наметне дополнителни „слатки маки“ на фановите електричните SUV модели.

Volvo посебно го истакнува фактот што C40 Recharge ќе користи врвен инфо-забавен систем развиван од Google, чија основа ќе биде Android, a ќе ги користи сите Google апликации, вклучувајќи ги мапите и онлајн продавницата.

C40 Recharge ќе користи електричен погон со два електро-мотора (погонска моќ од 408 кс), како и 78 kWh батерија, при што автономијата со едно полнење достигнува до 420 километри. На брз 150 kW полнач, до 80 проценти од батеријата ќе се стигнува за 40 минути.

Автомобилот е долг 4.431 милиметар, но е нешто понизок од XC40 Recharge, додека капацитетот на багажникот изнесува 413 литри.

Повеќе содржини за електрични модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider