Slider

Новитети

C5 Aircross продал над 130.000 примероци, добива и специјална C-Series изведба

Slider

C5 Aircross C-Series ја истакнува персонализацијата во однос на дизајнот и специјалните елементи, вклучувајќи ја црвената боја достапна само во оваа изведба и имплементирана на повеќе делови на екстериерот, вклучувајќи ги и кровните носачи

20/05/2020

Моделот C5 Aircross ги оправда очекувањата на Citroën и според официјалната статистика веќе надмина 130.000 продадени примероци од почетокот на продажбата.

Компактниот SUV е втор најпродаван SUV на француска територија, добро се носи со ривалите низ цела Европа, а покрај како плаг-ин хибрид, во иднина ќе биде достапен и во специјалната C-Series изведба.

C5 Aircross е веќе четвртиот модел на Citroën кој добива C-Series изведба (по C3 Aircross, C4 Cactus и C3), a ќе биде достапен за порачка веќе од 1 јуни.

C5 Aircross C-Series ја истакнува персонализацијата во однос на дизајнот и специјалните елементи, вклучувајќи ја црвената боја достапна само во оваа изведба и имплементирана на повеќе делови на екстериерот, вклучувајќи ги и кровните носачи.

Full screenExit full screen

Slider

Специјално внимание е посветено на деталите и во ентериерот, како што е опшивањето на Advanced Comfort седиштата, а според опременоста, C5 Aircross C-Series е меѓу Feel и Shine нивоата на опременост. Тоа подразбира стартување на моторот на копче, камера за паркирање, адаптивен темпомат, поголем број безбедносни системи, автоматско адаптирање на светлата, тонирани стакла и друго.

Не треба да се заборави дека C5 Aircross C-Series ги задржува и традиционалните квалитети поради кои стекна сериозна популарност, а тоа се истакната модуларност на седиштата, суспензијата со хидраулични прогресивни перничиња и багажникот чиј основен капацитет се движи од 580 до 720 литри.

Повеќе содржини за Citroën

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider