Slider

Вести

Cadillac подготви 33-инчен екран за електричниот Lyriq

Slider

Премиерата на Lyriq е закажана за 6 август, тој следната година ќе се продава во Кина, а дури од 2022 година ќе им биде достапен на купувачите во Северна Америка

22/07/2020

Американскиот производител Cadillac продолжува со етапното најавување на електричниот модел кој го доби името Lyriq, а сега стана јасно дека во неговиот ентериер ќе има огромен екран.

Се работи за 33-инчен заоблен екран со OLED технологија, кој ќе го исполнува целиот простор пред возачот и совозачот и е направен во единечен елемент, кој внатрешно е поделен на три екрани.

Решението кај идниот Cadillac Lyriq е понапредно и од 38-инчниот екран на Cadillac Escalade, кој иако со поголем дијаметар, се состои од два екрана поставени еден во друг.

Лево од воланот се поставени команди за светлата и хед-ап проекцијата, пред возачот се прикажуваат најважните информации за возачот, а подесно се функциите на инфо-забавниот систем и навигацијата.

Важно е да се напомене дека екранот може да емитува содржини и во една целина, но само кога автомобилот не се движи или во текот на полнењето.

Премиерата на Lyriq е закажана за 6 август, тој следната година ќе се продава во Кина, а дури од 2022 година ќе им биде достапен на купувачите во Северна Америка.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider