Slider

Вести

Царинската управа со новитет: Калкулатор и примери за пресметување на данокот на моторни возила

Slider

Јасно е дека покрај почетната цена во игра се и видот на гориво и просечната Co2 емисија, но за да се поедностави начинот на кој може да се дознаат давачките за одредено возило, Царинската управа подготви калкулатор за пресметка на данокот

15/01/2020

Воведувањето на новиот данок на моторни возила кој стапи на сила од првиот ден во новата 2020 година, го промени начинот на пресметување на давачките при купувањето, односно увоз на автомобили.

Данокот на моторни возила ја заменува досегашната акциза на патнички моторни возила и носи променет начин на пресметка на данокот во однос на досегашната акциза која се плаќаше во зависност од вредноста на возилата.

Според посебната уредба, предвидена е одредена формула според која се калкулира данокот во повеќе категории, но сепак фактот што во равенката влегуваат повеќе карактеристики и вредности, ја прави пресметката малку покомплицирана.

Она што беше потенцирано при објавувањето на законот е дека електричните возила се ослободени од данокот, а плаг-ин хибридите ќе добијат намалување на данокот за 50 проценти.

Јасно е дека покрај вредноста на возилото во игра се и видот на гориво и просечната Co2 емисија, но за да се поедностави начинот на кој може да се дознаат давачките за одредено возило, Царинската управа подготви калкулатор за пресметка на данокот кој е достапен на следниот ЛИНК

Од Царинската управа потенцираат дека калкулаторот е индикативен и се користи само како консултациски податок. Точните износи се утврдуваат во постапка на увозно царинење на возилото, бидејќи зависат од повеќе фактори при увоз, како потекло на возилото, тарифен број и распоредување на возилото, вид на возило и сл.

Основата, односно формулата за пресметување според новиот закон и уредбата за пресметување на данокот на моторни возила, како и примери за пресметување може да се најдат на следниот ЛИНК

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider