Slide

Вести

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh

Slide

од CATL изјавија дека тие ќе ги произведуваат новите цилиндрични батериски ќелии кои BMW ќе започне да ги користи во новите генерации на своите модели по 2025 година.

16/08/2022

Кинескиот производител на батерии CATL планира да инвестира над седум милијарди евра во нова фабрика за производство на батерии лоцирана во Унгарија.

Според CATL, изградбата на фабриката во близина на градот Дебрецен во источна Унгарија ќе започне уште годинава.

Комплетирањето на фабриката која ќе има капацитет за производство на батерии од 100 GWh треба да се случи за 64 месеци.

Штом ќе се изгради, фабриката ќе биде најголема фабрика за производство на батерии во Европа. CATL има уште една фабрика во Германија која произведува батерии за Mercedes-Benz, BMW, Stellantis и Volkswagen.

Изградбата на нови фабрики на европско тло е во линија со забрзаната транзиција на автомобилските производители кон производство на електрични автомобили. 

Растот на побарувачката за електрични возила наметнува голема побарувачка за батерии. Достапноста на батериите во доволни количини е клучна за производството на автомобилите да се одвива непречено.

Производителите како Volkswagen, Mercedes-Benz и Tesla веќе најавија нивни планови за изгрдба на капацитети за производство на батерии во Европа, а воедно се обидуваат да обезбедат пристап до клучните суровини за нивно производство.

Конкретната инвестиција на CATL “означува голем исчекор во глобалната експанзија на компанијата”, изјави Зенг Јукун во петокот.

CATL истовремено активно работи на својот план за изградба на фабрика во Северна Америка која би требало да биде готова во 2026. Оваа фабрика би ги опслужувала клиентите како на пример Ford.

Унгарската инвестиција е многу важна и за Унгарија, која со ова ќе стане централен хаб за производителите на електрични возила во Европа.

Во Дебрецен освен инвестицијата на CATL, во моментов се гради нова фабрика на BMW, додека Audi има фабрика во западниот дел на земјата во близина на градот Гјер. И германскот премиум производител Mercedes-Benz има фабрика во Кексемет, град кој се наоѓа во централниот дел на земјата.

Претходно од CATL изјавија дека тие ќе ги произведуваат новите цилиндрични батериски ќелии кои BMW ќе започне да ги користи во новите генерации на своите модели по 2025 година.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан