Slide

Новитети

Porsche Cayenne Turbo GT – Најбрзиот продукциски SUV модел на светот пристигна во Скопје

Slide

Спортскиот SUV е поставен на MLB платформата, која ја дели со модели како Bentley Bentayga и Lamborghini Urus, кои заедно со Porsche, се дел од VW Group.

11/11/2021

Тековната, трета генерација на Porsche Cayenne (со кодно име PO536) е на пазарот од 2017 година, па оваа година беше закажан планираниот фејслифт кој обично следува на половина од генерацискиот циклус.

Спортскиот SUV е поставен на MLB платформата, која ја дели со модели како Bentley Bentayga и Lamborghini Urus, кои, заедно со Porsche, се дел од VW Group. 

Cayenne е најдобро продаван модел на спортскиот премиум бренд. Mинатата година секој трет клиент на Porsche се одлучил за некоја од изведбите на Cayenne. 

Тој се нуди во неколку моќни спортски изведби како што се S, GTS и Turbo Coupé, но од ова лето инженерите од Porsche решија да развијат уште поспортска верзија на Turbo Coupé, додавајќи ја додавката GT.

Сега, токму најмоќната изведба на Cayenne, Turbo GT, по остварувањето на импресивниот резултат од 7:38.9 минути на 20.832 километри долгата Nürburgring-Nordschleife, пристигна во салонот на Porsche во Скопје.

Оваа изведба на 14 јуни го постави споменатиот рекорд во категоријата SUV возила, при 23 степени целзиусови надворешна температура и 46 степени темпeрaтура на асфалтот. Освен адаптираното седиште и безбедносниот кафез инсталирани заради безбедносни причини, тој модел е истиот сериски модел кој пристигна и кај нас.

Според резултатот остварен на славната Nordschleife, силата од 640 hp и цена од околу 200,000 евра, Cayenne Turbo GT е најспортската изведба помеѓу сите SUV модели. 

GT ознаката сама по себе додава околу 50-тина илјади евра на фактурата за купувачите на овој 2.3 тони тежок SUV. Но, има и зошто. 

Имено, преку намалување на волуменот на трите комори на воздушната суспензија, каросеријата на Cayenne, чија висина е прилагодлива, сега e 15% поцврста и 17мм пониска споредено со Turbo Coupé. 

Понатаму, Turbo GT доаѓа исклучиво во комбинација со карбонски покрив кој е полесен, што предизвикува понизок центар на гравитација. Тука се и системот за сопирање кој има дискови од керамика и карбон. Специјални адаптации се направени и во однос на управувањето со тркалата на задната оска и осумстепената трансмисија.

Специјално за оваа изведба Porsche и Pirelli развија 22-инчна верзија на P-zero Corsa пневматиците со димензија 285 мм напред и 315 мм назад. Според изјавите на претставници на Porsche, ова треба да придонесе за намалена тенденција кон подуправување. 

Битурбо V8 моторот има воздушен компресор и титаниумски издувен систем без централен придушувач на звукот.

Со вкупно 640 hp и 850 Nm, Turbo GT има 90 hp и 80 Nm повеќе сила од Turbo Coupé изведбата. Тие даваат видлив резултат: забрзување од 0-100 km/h за само 3.3 секунди – и максимална брзина од 300 km/h, што е за 0,6 секунди покусо во однос на забрзувањето, односно 14 km/h повеќе во однос на максималната брзина, во споредба со Turbo Coupé.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск