Slider

Вести

Цече нема да се врати на функција во Daimler

Slider

28/09/2020

Дитер Цече минатата година се повлече од највисоката раководна функција во групацијата Daimler, но беше најавено дека во 2021 година ќе застане на чело на Надзорниот одбор.

Самиот Цече деновиве потврдил преку медиумите дека се откажал од ваквата идеја, по што во Daimler ќе треба да пронајдат друга солуција како наследник на Манфред Бишоф.

Цече го предводеше Daimler меѓу 2006 и 2019 година, по што му ја препушти функцијата на Ола Калениус, а неговото работење во последните години му донесе одреден број „непријатели“ меѓу акционерите, односно членовите на раководството на групацијата.

– Решив дека не сакам да ја прифатам функцијата. Размислував дека можам да помогнам, но ако некој на мене гледа како товар, тогаш подобро е воопшто да не влегувам во таа авантура, – изјавил 67-годишниот Цече.

Акционерите кои не се наклонети кон неговото враќање на раководна функција најмногу му забележуваат за начинот на кој менаџирал со Daimler последните години и фактот што според нив, одолговлекувал и навреме не го започнал процесот на електрификација.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider