Slide

Стории

Цената на батериите се намалува, но не и разликата меѓу електричните и класичните изведби

Slide

31/10/2019

Цената на батериите има најголемо влијание врз продажната цена на електричните автомобили, а од нејзиното намалување ќе зависи и темпото со кое електрификацијата ќе ги освојува светските пазари.

Според последното истражување направено од „Horvath & Partners“, просечната цена на батериите е намалена за 34 проценти во споредба со таа од пред две години, но електричните изведби се уште се во просек за 40 проценти поскапи од изведбите со класичен погон.

– Напредокот на електро-мобилноста е најмногу зависен од цената. Ако производителите не успеат да ги намалат цените, прифатеноста на електричните модели нема да биде на посакуваното ниво, – велат од „Horvath & Partners“.

Во 2010 година, еден киловат час чинел повеќе од 600 евра, а во 2018 година просечната цена е спуштена до 150 евра. Експертите кои го реализирале истражувањето очекуваат, цената на киловат час да се симне до 90 евра наредниве години, а во 2025 година да се движи меѓу 50 и 70 евра.

Сепак, продажните цени на електрифицираните автомобили не се намалуваат правопропорционално со намалувањето на трошоците за батериите. До 2016 година, цената на електричните автомобили стигна до разлика од 40 проценти во однос на класичните алтернативи, но тој тренд наместо да продолжи, просечната разлика во 2018 година бил 44 проценти повисока просечна цена за електричните изведби.

Втората пресудна причина околу евентуалниот избор на електричен автомобил е автономијата со едно полнење, а анализите потврдуваат дека просекот расте од година в година.

Во 2018 година, просечната автономија изнесувала 260 километри (WLTP), а со помош на новите модели и освежувањето на постоечките, до крајот на следната година се очекува просекот да стигне до 400 километри.

Анализата на германскиот пазар вели дека на крајот на 2018 година, во оваа земја од околу 150.000 електрифицирани автомобили, 83.000 биле електро-мобили, годинава се очекува да бидат купени меѓу 100.000 и 284.000 нови електрични примероци, што е јасен показател дека германската влада нема да успее да ја исполни амбицијата за 1 милион електрифицирани возила до 2020 година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба