Slide
Slide

Вести

Цените на електричната изведба на новиот Megane во Франција започнуваат од 35,200 евра

Slide
Slide

Според Renault, со полнење од само 30 минути преку брз полнач со капацитет од 130kW, се овозможува 300 km автономија.

30/12/2021

Францускиот производител ги објави цените за својот клучен компактен адут кој треба да се натпреварува со VW ID.3 и Citroën Ë-C4

Renault ги објави цените за Megane E-Tech Electric, еден од моделите чие претставување беше моеѓу оние кои предизвикаа најголемо внимание во последните неколку години.

Основната верзија на комплетно електричниот компакт во Франција ќе може да се купи по цена од 35,200 евра, за што се добива изведба со 130 hp и батерија со капацитет од 40kWh. 

Цената ефективно се намалува на 29,200 евра, откако ќе се вкалкулира и еколошкиот бонус од 6,000 евра кој по купувањето го добиваат сопствениците на нови електрични возила во земјата.

На другиот крај на спектарот се наоѓа изведбата со 220 hp, батерија од 60kWh со повисок капацитет за полнење, која во комбинација со највисокото ниво на опрема чини 51,400 евра, без субвенцијата од државата.

Renault очекува многу од лансирањето на новиот електричен Megane. Тековната генерација, која е достапна во дизел, бензински и плаг-ин хибрид изведби, ќе продолжи да се продава уште неколку години.

Извршниот директор Лука Де Мео се надева дека ќе направи пресврт во работењето на компанијата преку стратегијата која предвидува додавање на вредност наместо обем. Оваа стратегија се заснова на концептот на фокусирање на попрофитабилниот компактен сегмент наместо на малите возила.

Новиот електричен Megane се произведува во фабриката на Renault во северна Франција, каде производителот на едно место групира фабрики за производство на електрични возила заедно со фабрики за производство на компоненти.

Megane E-Tech Electric ќе биде достапен во три нивоа на опрема: Equilibre, Techno и Iconic. Главна разлика ќе биде изборот на батеријата 40kWh (300km автономија) или 60kWh (450-470km автономија). Купувачите ќе може да изберат помеѓу моторите со сила од 100 или 160 kW, кои генерираат сила од 130 односно 220 hp, респективно.

Според Renault, со полнење од само 30 минути преку брз полнач со капацитет од 130kW, се овозможува 300 km автономија.

Купувачите може да изберат од ценовно подостапните полначи за домашна употреба за полнење преку наизменична (AC) или директна (DC) струја: Standard (AC до 7kW), Boost (AC до 7kW, DC до 85kW), Super (AC до 7kW, DC до 130kW) или Optimum (AC до 22kW, DC до 130kW). 

Електричниот Megane ќе се натпреварува со сѐ поголемиот број на електрични компакти на конкурентите, како што се VW ID.3 (цени од 39,900 Евра во Франција), Citroën Ë-C4 (35,600 Евра во Франција), како и Nissan Leaf (34,400 Евра во Франција). Peugeot 308 и Opel Astra ќе добијат електрични изведби во 2023 година.

На врвот според цената во овој сектор е основниот модел на Tesla Model 3, кој е најдобро продавано електрично возило во Европа. Tesla ги адаптираше цените на Model 3 конркетно за одредени европски земји, за да го квалификува моделот за користење на субвенциите кои истите ги доделуваат. 

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1