Slider

Вести

Цените на горивата се зголемуваат, Регулаторна го потврди поскапувањето

Slider

26/05/2020

Трендот на поскапување на горивата продолжува, а тоа е потврдено со новите малопродажни цени кои ги одреди Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од полноќ, просечната цена на горивата се зголемува за 8,5 проценти, што отприлика значи дека бензините и дизелот поскапуваат меѓу 2,5 и 3 денари.

Поточно, цената на ЕУРОСУПЕР-95 порасна за 3 денари и отсега по литар ќе чини 57,5 денари, ЕУРОСУПЕР-98 стигна до 59,5 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ горивото ќе чини 49,5 денари по литар.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 23,66% или за 57,200 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 16,74% или за 40,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,5651
ден/$ и е за околу 0,602 % понизок од курсот на доларот (56,9074 ден/$) по кој беа формирани цените
со претходната пресметка.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените
деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно
Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 8,50%, – велат од Регулаторна.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider