Slide 1

Вести

Чипови кои чинат помалку од едно евро се причина за нарушениот систем на испораки на автомобили

Slide 1

"Во моментов во соработка со производителите на чипови се обидуваме да мигрираме од оние поедноставни, постари технологии, кон модени чипови со повеќе капацитет" - додава Ола Калениус

25/10/2021

Според Ола Калениус, извршниот директор на Daimler, една од научените лекции од кризата со недостаток на чипови, е дека е време за надградба на компонентите.

Mercedes-Benz неодамна склучи партнерство со производителот Nvidia, кое вклучува развој на чипови за софистицирани функционалности, како што се автономното возење и инфотејнмент системите кои вклучуваат вештачка интелигенција. Но, компонентите кои ги сочинуваат овие напредни технологии не се оние кои недостасуваат во моментов и кои предизвикаа хаос во системот со менаџирање на залихите на компоненти.

“Недостасуваат наједноставните чипови, кои најчесто чинат по еден долар по парче. Најчесто се работи за чипови кои служат за едноставни функции, како што е отклучувањето и заклучувањето на вратите во автомобилите” – изјави Калениус за време на интервју во седиштето на Mercedes во Атланта.

“Во моментов во соработка со производителите на чипови се обидуваме да мигрираме од оние поедноставни, постари технологии, кон модерни чипови со повеќе капацитет” – додаде тој.

Според него, ова не е случај само со Mercedes, туку истата трансформација е во тек кај и кај останатите производители во секторот.

Менаџментот на Daimler се обидува да го стабилизира синџирот на набавки на полупроводници за време на последниот квартал, но вистинско опоравување од недостатоците се очекува дури во 2023 година. Ова го изјави Калениус во петокот за агенцијата Reuters, за време на неговата посета на центалата на Mercedes во САД, која се наоѓа во Атланта.

Toj додаде дека производството на возила за време на последниот квартал ќе биде пониско споредено со истиот квартал во 2020. Но, треба да се земе предвид дека во последните три месеци од минатата година, Mercedes имаше одлични продажби како резултат на зголемувањето на побарувачката по намалувањето на Ковид-19 рестрикциите.

“Не можеме да бидеме комплетно сигурни во однос на залихите на полупроводници” – изјави директорот на Mercedes за време на истиот настан. Поради затворањата на фабриките за чипови во Малезија како резултат на локалните Ковид-19 рестрикции, автомобилската индустрија има потешкотии да се врати во нормала по негативните влијанија на пандемијата.

“Се надеваме дека ќе имаме стабилизација во последниот квартал од годинава и дека таа стабилност ќе продолжи и во 2022 година” – додава тој, но истовремено повикува на претпазливост и флексибилност, бидејќи најавите од страна на производителите на чипови се дека рестрикциите ќе продолжат и во 2023 година.

Daimler се соочува со тешкотии во менаџирањето на набавките на чипови во момент кога се спроведува процес на одвојување на патнчката дивизија на Mercedes-Benz, од дивизијата која е задолжена за производство на камиони. 

Истовремено, во компанијата се засилени процесите во однос на транзицијата кон комплетно електична гама која треба да се комплетира до 2030 година.

Mercedes го лансира комплетно електричниот седан EQS, а се подготвува за лансирање и на електричниот EQS SUV, кој ќе се произведува во фабриката во Алабама, а треба да започне со продажба текот на 2022 година.

Тој изјави дека и двата модела ќе бидат профитабилни уште при лансирањето. 

“Сепак, мора да признаеме дека ќе мора да живееме во амбиент на несигурност сè додека овие турбуленции не останат зад нас” – додаде тој на средбата со тимовите за продажба и маркетинг. “Најголем дел од нашите клиенти имаат разбирање за ситуацијата – и тие ги читаат медиумските написи и јасно им е дека нешто вонредно се случува во моментов”

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental