Slider

Вести

Читателите на „Ауто Штрасенверкер“ и доделија шест награди „Семеен автомобил на годината“ на Škoda

Slider

Чешкиот производител, кој годинава ја прославува својата 125-годишнина, има освоено 34 признанија од првиот избор на читателите на списанието во 2011 година

29/06/2020

Брендот Škoda освои најмногу, дури шест признанија во изборот „Семеен автомобил на годината“, кој традиционално го организира германскиот магазин „Ауто Штрасенверкер“.

Точно 128 модели биле поделени во различни класи и се натпреваруваа во три различни категории (дизајн, технологија и однос вложено/добиено), a чешкиот производител ги освои симпатиите на најголем процент од 9.341 гласачи со Octavia Combi и Superb Combi моделите.

Четвртата генерација на Octavia Combi дебитираше неодамна, а овој пат победила во категориите за најдобар дизајн меѓу семејните автомобили со цена пониска од 25.000 евра и тоа не само меѓу увозните брендови, туку и во генералниот пласман.

Успешниот настап во гласањето е заокружен со победата во категоријата за најдобра технологија меѓу моделите од увозните брендови.

Од друга страна, поголемиот Superb Combi и донесе на Škoda дополнителни три признанија. Најдобра вредност за инвестираните пари е најважната награда која ја доби Superb Combi и тоа меѓу увозните брендови и во генералниот пласман, а е број еден и според технологијата.

Чешкиот производител, кој годинава ја прославува својата 125-годишнина, има освоено 34 признанија од првиот избор на читателите на списанието во 2011 година. Во него се вклучени само седани, SUV и комби возила со капацитет на багажник од над 400 литри и основна цена до 45.000 евра.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider