Slider

Новитети

Citroën Ami – Француска револуција во урбаната мобилност

Slider

Тежината од само 485 килограми му овозможува сериозна автономија со 5,5 kWh батерија, со која може да помине до 70 километри, располага со моќност од 8 коњски сили, а максималната брзина на движење изнесува 45 км/ч

27/02/2020

Францускиот производител Citroën денеска официјално го претстави Ami, електро-мобилот кој е базиран на концептот Ami One и претставува автентичен концепт за урбаната мобилност.

Citroën Ami е 2,4 метри долго возило со две седишта кое ќе биде интересна солуција за купувачите кои сакаат алтернативен начин на движење, притоа користејќи го електричниот погон и грижејќи се животната средина во областа во која живеат и се движат.

Голема предност за Ami е што во Франција може да се управува со наполнети 14 години, во најголем дел од Европа со барем 16 години и за него не е потребна возачка дозвола, поради тоа што се смета за лесен квадрицикл, а се очекува да биде ултра популарен кај шеринг платформите.

Full screenExit full screen

Slider

Тежината од само 485 килограми му овозможува сериозна автономија со 5,5 kWh батерија, со која може да помине до 70 километри, располага со моќност од 8 коњски сили, а максималната брзина на движење изнесува 45 км/ч. Батеријата се полни за 3 часа на обичен домашен приклучок, со што Ami добива нови 70 километри.

Според производителот, во Франција цената на Citroën Ami ќе биде 6.000 евра (со вклучена субвенција од државата), а може да се купи и со понуда според која месечно за него треба да се издвојуваат само 19,90 евра. Продажбата ќе започне во Франција на крајот на следниот месец, а потоа Ami ќе биде понуден и во други земји како Шпанија, Португалија, Германија, Италија и Белгија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider