Slide

Вести

Citroën Berlingo прогласен за голем автомобил на годината од „Аутокар“

Slide

21/10/2020

Британскиот магазин „Аутокар“ традиционално ги прогласува најдобрите модели во повеќе категории, а денеска се објавени резултатите во изборот за 2020 година.

Новинарите и соработниците на редакцијата на тиражниот магазин земаат во предвид многу карактеристики пред да одлучат кои автомобили оставиле најдобар впечаток во тековната година, а за оние кои бараат голем и пред се функционален семеен автомобил, го препорачуваат новиот Citroën Berlingo.

Патничката верзија на францускиот ван е подготвена за секаков предизвик, без разлика дали се работи за потреба од транспорт на повеќе патници или пак приоритет му се дава на карго просторот, па затоа и го освоил признанието во оваа категорија.

Редакцијата на „Аутокар“ ја именува оваа класа како голем автомобил, мислејќи на функционалноста и просторноста која се добива во него, без да се има предвид конкурненцијата од луксузните автомобили кои се неколку пати поскапи.

Квалитетите на Berlingo се препознаени уште од неговата премиера во 1996 година, а најновата генерација донесе и модерен и автентичен дизајн, но и многу нова технологија и безбедносни системи потребни за секојдневното ситнење на километри.

„Аутокар“ во своето образложение за признанието го истакнува и комфорот во кабината на Berlingo, кој може да се спореди со многу поскапи премиум модели, како и рафинираноста на бензинските и дизел моторот кои се достапни.

– Покрај се останато, Berlingo на својот сопственик може да му обезбеди анти-статусен симбол, а постојат купувачи кои би платиле за такво нешто, – стои во дел од заклучокот на жирито на британскиот магазин.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба