Slide 1
Slide 1

Новитети

Citroën C3 Aircross добива освежен дизајн и технолошка надградба

Slide 1
Slide 1

11/02/2021

Кросоверот C3 Aircross се покажа како одлична надградба на гамата на Citroën, за сега, по над 330.000 продадени примероци да добие и важно освежување за подобрен индивидуален квалитет.

Францускиот бренд ги објави првите фотографии на C3 Aircross со освежен дизајн, со најава за поголем комфор, напредни технологии и потврдени погонски единици.

Интересни се промените на предниот дел каде кросоверот доби поголема ревизија на елементите во однос на бестселерот C3, а се истакнува дизајнот на дневните LED светла и Eco LED главните светла, промената на дизајнот на маската и браникот, структура која остава впечаток на повисоко поставен поклопец, што пак влијае на робустноста на автомобилот.

Citroën најави 70 варијации во однос на персонализацијата на боите и елементите на екстериерот, што останува силен адут на моделот, а возачот и патниците ќе сметаат на комфорни седишта од Citroën Advanced Comfort програмата.

Во ентериерот ќе може да се избере меѓу опциите за посакуван амбиент, сега е вклучен и поголем 9-инчен централен екран, како и врвна конективност, но и опција за безжично полнење на телефон.

На располагање се дури 12 системи за пасивна и активна безбедност, вклучувајќи го и автономното сопирање, а тука е и Grip Control за подобра комуникација на предните тркала со подлогата и Hill Descent системот за побезбедно спуштање во надолнина.

Citroën најави декa освежениот C3 Aicross ќе биде достапен од јуни, а ќе може да се избере меѓу бензинците со 110 и 130 коњски сили, како и дизел изведбите со 110 и 120 коњски сили.

Повеќе содржини за Citroën:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови