Skip to content

Новитети

Citroën C5 Aircross Hybrid: Францускиот SUV со врвен комфор ќе вози на струја до 50 километри

Заедно со електро-моторот (80 kW), Citroën C5 Aircross Hybrid има системска моќност од 225 коњски сили, енергијата се складира на 13,2 kWh литиум-јон батерија, а дел од погонската единица е и автоматската трансмисија со осум степени

07/11/2019

Користејќи ги придобивките од многу иновативни технологии, високо ниво на функционалност и комфор кој е препознатлив квалитет на Citroën, SUV моделот C5 Aircross брзо почна да ги реализира своите амбиции и да се наметнува како еден од најлогичните избори во класата на компактни SUV.

Со ваквиот развој на настаните не изненадува што процесот на електрификација кај францускиот бренд започнува со плаг-ин хибрид изведба токму на C5 Aircross, автомобил кој беше прикажан како концепт на последниот Саем во Париз, а сега е подготвен за сериско производство.

Citroën го истакнува фактот што класичниот C5 Aircross го има врвниот комфор како посебен квалитет, прогресивните хидраулични перничиња се иновација на францускиот бренд и придобивките од нив се чувствуваат во секој миг минат во кабината на овој SUV. Во однос на комфорот и релаксираното патување, C5 Aircross Hybrid ќе биде надграден со можноста да минува одреден број километри исклучиво на електричен погон.

Full screenExit full screen

Slider

Концептот предвидува електрична автономија од 50 километри, што значи дека возачите кои не минуваат многу километри во текот на денот, можат да ја полнат батеријата и на неколку дена, а притоа безгрижно и рутински да ги реализираат секојдневните обврски без да трошат гориво.

Секако, во ситуација кога треба да се користи хибридниот режим на возење, тука е одличниот 1.6-литарски бензински агрегат со 180 коњски сили, кој ги исполнува строгите еколошки норми, a официјалната Co2 емисија на овој SUV е 39 г/км.

Заедно со електро-моторот (80 kW), Citroën C5 Aircross Hybrid има системска моќност од 225 коњски сили, енергијата се складира на 13,2 kWh литиум-јон батерија, а дел од погонската единица е и автоматската трансмисија со осум степени. Возачот во секој момент може да се повика на максималниот вртежен момент од 320 Nm, a погонот на предни тркала ќе донесе поголема економичност во споредба со ривалите со придвижување на двете оски.

Кога Citroën би требало во кратки црти да ги објасни придобивките од плаг-ин хибрид изведбата на C5 Aircross, тоа веројатно би звучело примамливо.

И онака еден од најкомфорните SUV модели во класата, овозможува сериозна автономија на електричен погон, во која без бучава и вибрации може да се крстари низ урбаните средини, а во целата примамлива комбинација не смее да се заборави дека со користењето на енергијата од батеријата, се заштитува животната средина со нулта емисија на штетни гасови.

C5 Aircross Hybrid ќе располага со основен капацитет на багажникот од 460 литри кој може да стигне до 600 литри со поместување нанапред на задната клупа, истата ќе биде составена од три поединечни седишта, додека овој SUV ги задржува дваесетте безбедносни и возачки системи претставени уште со класичната верзија.

Во зависност од полначот, во домашни услови батеријата на Citroën C5 Aircross Hybrid ќе се полни меѓу 4 и 7 часа, а со помош на ѕидна кутија (7,4 kW), полнењето се спушта на 2 часа. Информациите за состојбата на батеријата и проектираната автономија се постојано достапни за возачот, кој може да ги следи на 12,3-инчната дигитална инструмент табла и на централниот екран осетлив на допир.

PHEV изведбата на Citroën C5 Aircross Hybrid ќе се произведува во Рен, заедно со класичните изведби кои веќе се продадени во над 80.000 примероци. Ова е првиот електрифициран модел на францускиот бренд, кој до 2025 најавува електрификација на целата моделска понуда.

Погон со моќност од 225 кс
Погон со моќност од 225 кс
Погон со моќност од 225 кс
Меѓу моторот со 180 кс и трансмисијата е поставен електро-мотор (80 kW), со што C5 Aicross Hybrid расплага со вкупно 225 коњски сили

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Дигитална контрола
Дигитална контрола
Дигитална контрола
На 12,3-инчната дигитална инструмент табла се прикажуваат и информациите за хибридниот погон и состојбата на батеријата
На 12,3-инчната дигитална инструмент табла се прикажуваат и информациите за хибридниот погон и состојбата на батеријата
На 12,3-инчната дигитална инструмент табла се прикажуваат и информациите за хибридниот погон и состојбата на батеријата
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Докажана функционалност
Докажана функционалност
Докажана функционалност
PHEV изведбата не заостанува зад класичниот C5 Aircross. Трите одделни задни седишта може да се спуштаат или отстрануваат
PHEV изведбата не заостанува зад класичниот C5 Aircross. Трите одделни задни седишта може да се спуштаат или отстрануваат
PHEV изведбата не заостанува зад класичниот C5 Aircross. Трите одделни задни седишта може да се спуштаат или отстрануваат
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Полнење
Полнење
Полнење
Полначот е одлично сокриен во багажникот, а процесот на полнење на 13,2 кWh батеријата трае во зависност од начинот и приклучокот (меѓу 2 и 7 часа)

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend