Slide 1

Вести

Citroen ë-C4 и C5 Aircross Hybrid пристигнаа во салонот во Скопје

Slide 1

Поради тоа што CMP платформата на PSA уште при развојот беше конфигурирана и за електрични автомобили, електричниот погон и сите додатоци кои одат со него не заземаат ниту сантиметар простор во кабината или багажникот.

14/10/2021

Кон крајот на минатата година Citroën ја лансираше новата генерација на C4, која за првпат вклучува и комплетно електрична изведба. Неодамна, електричната изведба пристигна и во Македонија. 

Тоа нè поттикна да го посетиме салонот на Citroën и да откриеме нешто повеќе за неа.

Уште при влезот во салонот, се забележува дека ерата на електрификација пристигнува и кај нас. Освен два електрифицирани модели (тука е и C5 Aircross Hybrid), во салонот е поставен и брз електричен полнач, а се забележува уште еден електричен модел подготвен за испорака.

Од Citroën нè информираа дека неколку вакви брзи полначи се поставени на повеќе локации, во и околу објектот.

Со поголемиот клиренс (15.6cm), и вкупната висина од 1.53 метри, овој модел може да се дефинира како кросовер купе.

Неодамна имавме можност да направиме тест возење на новата генерација на C4, па при разгледувањето на електричната изведба веднаш се воочуваат сличностите и разликите со изведбите кои имаат мотори со внатрешно согорување. Најпрво за карактеристиките кои се заеднички за сите изведби на новата генерација:

Имено, Citroën никогаш не сакал да биде како останатите производители. Дури и во оваа ера, во која производителите споделуваат платформи, мотори и технологија, компактот на францускиот бренд се разликува од конкурентските модели како Golf, Ceed или Focus. 

Новата генрација на C4 не се категоризира ниту како класичен компакт, ниту пак, како SUV. Со поголемиот клиренс (15.6cm), и вкупната висина од 1.53 метри, овој модел може да се дефинира како кросовер купе.

И седењето (58cm) во новиот C4 е помеѓу седум до десет сантиметри повисоко споредено со конкурентите од компакт класата. Ова овозможува подобра прегледност од кабината низ ветробранското стакло, но воедно е предност и во однос на ергономскиот аспект – при управување со командите на инструмент таблата.

Моделот е 4.36 метри долг, 1.83 метри широк и 1.53 метри висок. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.67 метри. 

Поради тоа што CMP платформата на PSA уште при развојот беше конфигурирана и за електрични автомобили, електричниот погон и неговите компоненти не заземаат ниту сантиметар простор во кабината или багажникот.

Во багажниикот има и дополнителна преграда под подот, во која се сместени каблите за полнење, па така целиот багажен простор останува на располагање на возачот. Но, тука започнуваат разликите во однос на изведбите со мотори со внатрешно согорување:

Една специјална боја, Anodised Blue, може да се забележи само кај електричната изведба. Во неа се обоени ознаките “ë” како и неколку детали (рамките на магленките и дел од страничните прагови) по кои се разликува од бензинските и дизел изведбите. 

Она што не се забележува визуелно, е разликата од околу 500 килограми во тежина, најмногу како резултат на батеријата.

Таа е со капацитет од 50 kWh и овозможува да се поминат до 350 километри со едно полнење според WLTP нормите. Одлично е што ë-C4 може да се полни со максимална брзина од 100 kW, при што за само 30 минути може да се наполни дури 80% од батеријата. Штета што ваквите брзи полначи сè уште се вистинска реткост кај нас, но очекуваме сè повеќе да стануваат вообичаена глетка. 

Она што реално може да се очекува е полнење за околу 5 часа на 11 kWh полнач, кој може да се инсталира во домашни услови. Секако, најголем дел од сопствениците на електрични автомобили ги полнат своите автомобили во домашни услови во текот на ноќта. Во тие ситуации, мали разлики во должината на полнењето не прават суштинска разлика.

Она што најмногу ќе ги интересира заинтересираните купувачи е споредбата на перформансите на електричната изведба со оние на бензинските. 

Електричниот погон има сила од 136 hp и 260 Nm вртежен момент. Спортскиот режим на возење, кој е еден од трите достапни, го забрзува ë-C4 од 0-100 km/h за 9.7 секунди. Со ова, електричната изведба има безмалку идентични перформанси како и 1.2-литарскиот турбо бензински мотор со три цилиндри. Максималната брзина на ë-C4 изнесува 150 km/h. 

Споменатата максимална сила од 100 kW (136 hp), е достапна само во спортскиот режим на возење. Режимот “normal” испорачува 80 kW сила, додека 60 kW се на располагање штом се избере “eco” режимот, кој би требало да е сосема соодветен за удобна навигација низ густиот градски сообраќај. Оваа конфигурација на максималната сила при различни режими на возење е мудро направена за да овозможи поголема автономија при секојдневно управување на автомобилот.

Статичката презентација на ë-C4 само ја зголеми нашата заинтересираност за оваа изведба, па со нетрпение ќе го очекуваме првото регистрирано тест возило, при што ќе можеме да споделиме повеќе впечатоци во однос на возните својства, полнењето и електричната автономија.

Citroën C5 Aircross Hybrid

Веднаш до ë-C4, e поставен и вториот електрифициран модел во салонот на Citroën – C5 Aircross Hybrid.

Citroën го нуди популарниот SUV како плаг-ин хибрид за цени кои почнуваат од околу 40-тина илјади евра. 

Овој компактен SUV беше првиот електрифициран модел на францускиот производител. Тој е поставен на EMP2 платформата развиена од PSA, која ја дели со Peugeot 3008 Hybrid4 и Opel Grandland X Hybrid4.

За разлика од сестринските модели, Citroën C5 Aircross нема втор електричен мотор кој ја придвижува задната оска. Тој испорачува вкупна системска сила од 165 kW (225 hp). 1.6-литарскиот бензински мотор има 132 kW (180 hp), додека електричниот погон испорачува дополнителна сила од 80 kW (110 hp). Максимланиот вртежен момент на плаг-ин хибридот изнесува 320 Nm, сила која се пренесува на предниот погон преку осум-степената автоматска трансмисија.

Според строгите WLTP стандарди, 13.2 kWh lithium-ion батерија треба да обезбеди електрична автономија од околу 50 километри. Во возилото е вклучен стандарден полнач со капацитет на полнење од 3.7 kW. Со него, во домашни услови батеријата може да се наполни за неколку часа. На обичен електричен приклучок од 2.3 kW, потребни ќе бидат околу седум часа.

Максимланиот вртежен момент на плаг-ин хибридот изнесува 320 Nm, сила која се пренесува на предниот погон преку осум-степената автоматска трансмисија.

Потенцијалните идни сопственици на автомобил со хибриден погон се профил на купувачи кои размислуваат за иднината, што значи дека размислуваат на долг рок. Заради тоа, потребно е да бидат сигурни дека технологијата ќе функционира беспрекорно во следните години. Citroën е сигурен во квалитетот на хибридните компоненти, па нуди гаранција на батеријата од осум години или 160.000 километри, која во овие рамки треба да задржи 70 проценти од капацитетот.

И плаг-ин хибридот има неколку визуелни детали во различна боја кои го одвојуваат од изведбите кои имаат само мотори со внатрешно согорување. 

Заради компонентите на хибридниот погон, во случајот со C5 Aircross Hybrid, има разлика во багажниот волумен споредено со бензинските изведби. Кај плаг-ин хибридот тој е намален и изнесува помеѓу 460 и 600 литри, во зависност од точната позиција на задните седишта, кои може хоризонтално да се поместат кон напред (15цм).

Големиот SUV ја користи флексибилноста на EMP2 платформата, која овозможува лесно проектирање на различни електрифицирани изведби. Со конфигурирање на SUV моделот со системска сила од 225 hp, Citroën добива силен адут во трката со конкурентските модели за вкусовите на купувачите.

Повеќе содржини за Citroën:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental