Новитети
Citroën ги објави првите фотографии од новата генерација на C4
Како одлично загревање за целосните детали кои ќе бидат соопштени на дигиталната промоција, Citroën ги потврди очекувањата дека подготвува кросовер, односно компактен хечбек кој навлегува и во SUV територијата
Светската премиера на новата генерација на C4 е закажана за 30 јуни, но две недели порано Французите решија да ги споделат првите фотографии од својот нов член на компакт сегментот.
Како одлично загревање за целосните детали кои ќе бидат соопштени на дигиталната промоција, Citroën ги потврди очекувањата дека подготвува кросовер, односно компактен хечбек кој навлегува и во SUV територијата.
Дизајнерскиот тим на Citroën успеал да ги спои двата најбарани концепти меѓу европските купувачи, а дополнителен плус за Французите е што имаат подготвено и електрична изведба.
Новите C4 и ë-C4 добија идентичен дизајн, кој е инспириран и од концептот 1919, а ентериерот еволуирал со поминималистички израз, чиста централна конзола и централен екран со соодветна големина.
Покрај електричната изведба (за која може да се очекуваат моќност од 136 кс и најмалку 300 км автономија), Citroën C4 ќе биде понуден со 1.2-литарскиот бензинец со три различни моќности, како и со 1.5-литарскиот дизел мотор со 100 коњски сили.
Повеќе содржини за Citroën