Slide 1
Slide 1

Вести

Citroën го гледа C4 меѓу трите најпродавани модели, очекува голема побарувачка и за дизел изведбите

Slide 1
Slide 1

19/08/2020

Citroën се подготвува за официјален почеток на продажбата на новата генерација на C4, кој покрај тоа што доаѓа во атрактивно кросовер издание, ќе располага и со целосно електрична изведба.

Дизајнерскиот пристап, модерното технолошко пакување и грижата за комфорот се дел од главните карактеристики на C4, но францускиот бренд е посебно ангажиран околу овој модел и поради фактот што првпат ќе понуди електричен автомобил кој во случајов ќе биде познат како ë-C4.

Производителот има посебна стратегија за промоција на автомобилот на најголемите европски пазари, а за време на британската промоција, одговорните ги информирале медиумите за дел од своите реални очекувања од комерцијализацијата на C4.

Во Citroën очекуваат C4 да стигна најмалку на третото место според продажбата во гамата, односно на нивото кое во моментов го има C5 Aircross, a кој заостанува зад C3 и C3 Aircross.

Со оглед на фактот што Французите не можеа да остварат слични бројки со претходникот C4 Cactus, зголемувањето на продажбата ќе има сериозно влијание и во обидот да се стигне до пробивање на границата од 1 милион продадени примероци во 2021 година.

Како што пренесуваат британските медиуми, реалните очекувања во Citroën се дека првата година електричната изведба ќе учествува со 10 проценти од продажбата, а дизел изведбите би требало да учествуваат со најмалку 17 проценти во статистиката на C4.

– Забележавме позитивно померување во однос на дизел изведбите годинава, а тоа е резултат на фактот што успеавме да им ја објасниме на нашите дилери предноста која ја добиваат купувачите кои ќе изберат дизел.

– Co2 емисијата е многу помала во однос на бензинските изведби, а тоа е во фокусот на индустријата поради казните кои се закануваат за надминување на пропишаниот просек, – изјавил Роберт Кларк од британското претставништво на брендот.

Citroën како пример ја зема продажбата на C5 Aircross оваа година, при што дури 70 проценти од продажбата отпаѓала на дизел изведбите, а тоа му помогна на производителот да стигне од посакуваниот просек од 95 г/км.

На најголем број пазари, новиот Citroën C4 ќе биде понуден со дизел моторите со 110 и 130 коњски сили.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање