Slider

Вести

Citroën го потврди електричниот наследник на C4 Cactus и шест електрифицирани модели во 2020 година

Slider

Она што дефинитивно ќе биде најзначајна премиера во 2020 година е наследникот на C4, односно актуелниот C4 Cactus, целосно нова генерација поставена на нова платформа, што подразбира и електрична изведба

28/02/2020

Претставувањето на практичниот Ami бил добар повод за Citroën да најави уште дел од своите планови поврзани со новитетите кои ги подготвува за наредниот период.

Она што дефинитивно ќе биде најзначајна премиера во 2020 година е наследникот на C4, односно актуелниот C4 Cactus, целосно нова генерација поставена на нова платформа, што подразбира и електрична изведба.

Претходно, беше најавено дека овој компакт ќе биде фактички кросовер кој ќе ги комбинира хечбек и SUV квалитетите, а ќе биде поставен на продолжена CMP платформа, која овозможува електрична изведба, а истовремено и задржување на изведбите со бензински и дизел мотор.

– Дизајнот ќе ги исполни очекувањата на купувачите. Се работи за нова силуета, а не класичен хечбек дизајн и ќе има високо држење на патот, – вели Лоренс Aнсен којa го води проектот во Citroën.

– Овој автомобил ќе ги претставува основните вредности на брендот, а тоа се иновациите, комфорот и дизајнот. За нас претставува еден од три или четири најважни проекти со кои очекуваме напредок. Со актуелниот C4 Cactus можеби отидовме предалеку покажувајќи ги иновативните способности, но затоа со наследникот ќе понудиме поатрактивна и поуниверзална варијанта, – дополнил новиот CEO на Citroën, Венсан Коби.

Францускиот производител до крајот на годината ќе понуди и електричен Spacetourer со девет седишта и уште два електрични ван модели, што го заокружува електрифицираниот дел на 2020 година во кој се вклучени и Ami и плаг-ин хибрид изведбата на Citroën C5 Aircross која годинава влегува во фазата на комерцијализација.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider