Slide 1
Slide 1

Новитети

Citroën го претстави новиот знаменосец C5 X

Slide 1
Slide 1

Copyright William CROZES @ Continental Productions

12/04/2021

Citroën денеска го претстави новиот модел C5 X, со што се врати во Д сегментот со автомобил кој истовремено е нов знаменосец на брендот.

Видео тизерот со кој беше најавена премиерата, навестуваше дека Citroën не планира класичен седан како наследник на C5, а сега стана јасно дека C5 X ќе биде комбинација меѓу седан, комби и SUV концептите.


Овој модел ќе го претстави и новиот инфо-забавен систем на Citroën, кој е поврзан со 12-инчен централен екран, а Французите најавуваат и други иновативни елементи, со кои ќе влијаат на впечатокот кој C5 X ќе го остави на возачот и патниците.

Специјално подготвената суспензија треба да го оправда реномето на Citroën во овој сегмент, а Французите се пофалија и со голем простор на задната клупа, како и почетен капацитет на багажникот од 545 литри.

Покрај бензинските изведби, C5 X уште од почетокот на продажбата ќе биде достапен и како плаг-ин хибрид со 225 коњски сили.

 

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“